04 February 2011

Во Карпош се затвораат врати на новинари!

Во општина Карпош денес на екипата на Курир не и беше овозможено да ја извршува својата работа.





Имено денес се одржува седница на Советот на општина Карпош која што е од отворен карактер односно на истата може кој сака да присуствува и да ја следи работата на советниците.
Екипата на Курир на 27 јануари поднесе барање за акредитација, но од општината сеуше немаме повратен одговор.
Денес на екипата на Курир им беше затворена врата и покрај укажувањата дека барањата за акредитации се веќе поднесени.
Екипата на Курир најостро го осудува непуштањето на нашата екипа да ги снима седниците на Советот и оценуваме дека ова претставува директен атак кон демократијата, која во Локалната самоуправа претставува основното ниво на демократскиот систем.
Оценуваме дека во општина Карпош сериозно се нарушени демократските принципи, имајки го во предвид инцидентот од мината недела кога општинската администрација не дозволи одржување на прес конференција.
Карпош е единствената општина каде што нашата екипа наишла на проблеми и спречување во извршувањето на својата работа.
Нашата екипа денес сакаше да се увери што навистина се случува во Советот на општината, и кој навистина го кочи проектот.
Спречувањето на новинарските екипи да ја извршуваат својата задача претставува директен удар врз слободата на изразување, за што ќе бидат запознаени Здружението на новинари на Македонија и меѓународните претставници.