30 January 2011

Јакимовски и неговата партизирана администрација ја нарушуваат демократијата

Советничката во општина Карпош од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Жозефина Гласновиќ обвини дека Стевчо Јакимовски и партизираната администрација ја нарушуваат демократијата во општината.

26 January 2011

За Карпош против Стевчо! - Инцидент на прес конференцијата одржана од советниците на ВМРО-ДПМНЕ

На вчерашната протестен митинг одржан пред просториите на Општина Карпош, а организиран од страна на советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, против работата на градоначалникот Стевчо Јакимовски, партизираната општинска администрација наполнета со партиски војници на СДСМ грубо ги нападна советниците кои во тој момент одржуваа прес конференција! Додека советничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Жозефина Гласновиќ ја даваше својата изјава, вработените од општинската администрација грубо ја прекинуваа и навредуваа! Проценете сами кој се работи во општината!


25 January 2011

За Карпош против Стевчо! - Протестен митинг!

Утре, 26.01.2011 (среда) со почеток од 10 часот пред просториите на старата општина (до новата бензинска пумпа) ќе се одржи протестен митинг на граѓаните од Општина Карпош против работењето на градоначалникот Стевчо Јакимовски. Протестот е поттикнат од непризнавањето на органите на месната самоуправа (избраните претставници од урбаните заедници), нетранспарентното трошење на општинските пари, партизацијата на нашата општина, пашалукот воспоставен во општината, блокадата на новите инвестиции во нашата општина, срамниот однос кон Армијата и Македонското знаме!
Придружете се! Да покажеме дека не се сите граѓани на Карпош дел од колективот на Стевчо!

24 January 2011

За Карпош против Стевчо!

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и координативното тело на граѓани од Општина Карпош започнаа со акцијата „За Карпош против Стевчо!“
Придружете се во борбата против:
- Нетранспарентното трошење на општинските пари;
- Партизацијата на нашата општина;
- Пашалукот воспоставен во општината;
- Блокадата на новите инвестиции во нашата општина;
- Срамниот однос кон Армијата и Македонското знаме!

22 January 2011

Советниците на СДСМ гласаа против „АРМ мој вистински дом“

На денешната седница на Советот на општината Карпош беше одбиен предлогот на советниците на ВМРО-ДПМНЕ, за разгледување на Деталниот урбанистички план за касарната Илинден.

16 January 2011

Партиски вработувања во Општина Карпош



Посета на домот за стари лица „Мајка Тереза“ - Злокуќани

Оваа 6-та година по ред, ние членовите на УМС на ВМРО-ДПМНЕ од Општина Карпош традиционално на Христијанскиот празник Василица го посетуваме домот за стари лица „Мајка Тереза“ во Злокуќани.
Следејќи го она што го наложуваат нашите конзервативни вредности и христијански обичаи, првото утро од секоја нова година го поминуваме со старите лица од домот. Низ разговор, бараме совети и примаме критики, идеи и искуства за поуспешна работа во новата година. Оваа година на старите лица им подготвивме лепчиња со паричка, но им донесовме и други подароци во склад со нивните желби и потреби. Во консултација со вработените во домот годинава донесовме средства за лична хигиена, како и правосмукалка која им е потребнa за одржување на домот.
Со оваа посета годинава се одбележува и еден почеток на кампања на УМС Карпош насловена „Сите ние сме ваши деца“ која ќе се организира секоја зима во соработка со Комисијата за здравство при Општинскиот Комитет Карпош како и Комисијата за култура и конзервативни вредности при УМС Карпош.


Благоја Неделковски
Претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ – ОК Карпош


10 January 2011

Јакимовски лаже и го кочи проектот за касарната Илинден!

Денес советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Карпош одржа прес конференција, подоле следи текстот од истата.

Почитувани новинари

Тешка лага и манипулација е дека советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја кочи изградбата на станови за припадниците на АРМ.

Токму вчера познатиот манипулатор Стевчо Јакимовски повторно со вакви лаги се обиде да се извади за одолговлекувањето на реализацијата на еден многу значаен проект како што е проектот “АРМ мој вистински дом“.
Но што говорат фактите ?

06 January 2011

ХРИСТОС СЕ РОДИ

ВМРО-ДПМНЕ - Општински Комитет КАРПОШ на сите Православни Христијани и на сите оние кои Рождеството Христово го слават според Јулијанскиот календар им го честита Божиќ и им посакува година исполнета со радост, среќа и бериќет!
За многу години!
ХРИСТОС СЕ РОДИ!
НАВИСТИНА СЕ РОДИ!