06 February 2013

Промоција на изборната програма за Општина Карпош

Почитувани,
Ве покануваме на 07.02.2013 година, четврток во 17:30 часот, во Драмски театар, да присуствувате на презентацијата на изборна програма за Локалните Избори 2013 на кандидатот за Градоначалник на Општина Карпош од ВМРО-ДПМНЕ г-ѓа Јагнула Куновска. На промоцијата ќе присуствуваат еминентни личности од културниот и политичкиот живот во Република Македонија.
Го очекуваме вашето присуство.
Со почит,
Општински комитет на ВМРО-ДПМНЕ - Карпош.