27 January 2013

Промоција на Јагнула Куновска, кандидат за градоначалник на Општина Карпош

Денеска, 27 јануари  2013 година, во 13:00 часот во Драмскиот театар во Карпош се оддржа промоцијата на  Кандидатот за градоначалник на Општина Карпош, госпоѓа Јагнула Куновска за локалните избори 2013.

Најавата и презентацијата на кандидатот ја одржа портпаролот на Општиски комитет на ВМРО-ДПМНЕ - Карпош, Николина Ивановска. Потоа Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ - Карпош, Синиша Спасов презентираше дел од проектите кои се завршени од Градот Скопје, за 4 годишниот период, најавувајки силна победа на престојните избори.

При централниот дел од настанот, госпоѓа Јагнула Куновска ја презентираше својата визија за водењето на локалната власт заблагодарувајќи се на довербата која партијата ВМРО-ДПМНЕ и ја укажа прифаќајќи ја нејзината номинација и програма.

На промоцијата  присуствуваа еминентни личности од културниот и политичкиот живот во Република Македонија.

Промоцијата  во Драмскиот театар се одржа пред повеке од 700 граѓани на Карпош.

За да видите повеќе кликнете на следниот ЛИНК!