Во текот на денешниот ден во склоп на СЦ Борис Трајковски беше означен почетокот од изградбата на првиот модерен аква парк во Скопје.
Аква паркот ќе се протега на 12.000 м2 и ќе чини 4,2 милиони евра. Планирано е да се изградат 10 тобогани, базен за деца, базен со бранови, мрзлива река, административна зграда со ресторан, кафе бар, санитарни јазли, соблекувални и прва помош. Под објектот ќе има стандардизирани машински сали и современ систем за филтрација на водата. Градежните работи ќе ги изведува фирмата „Полин“ од Турција, која досега изградила повеќе од 2.000 вакви паркови во светот, заедно со „Жикол“ од Струмица и „Електроунион“ од Скопје.
Почетокот на изградбата го означија Претседателот на Владата на Република Македонија г-дин Никола Груевски, Директорот на СЦ Борис Трајковски Ратко Капушевски, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, заменик министерот за локална самоуправа Сашо Лазаровски, како и кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Општина Карпош г-ѓа Јагнула Куновска и Претседателот на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ - КАРПОШ г-дин Синиша Спасов.
За да видите повеќе кликнете на следниот ЛИНК!