14 February 2013

Активности на Јагнула Куновска 14.02.2013

Во текот на денешниот ден кандидатката за градоначалник на Општина Карпош, г-ѓа Јагнула Куновска оддржа прес-конференција пред старата општинска зграда сместена на бул. Партизански одреди. На прес-конференцијата таа го повика актуелниот градоначалник, г-дин Стефчо Јакимовски да излезе на изборите со конкретни проекти и програма по што граѓаните ќе одлучат на кого ќе ја дадат својата доверба!
Потоа г-ѓа Куновска оствари средба со граѓаните на Карпош пред ТИНЕКС маркетот во населбата Карпош 3.
Во попладневните часови г-ѓа Куновска ги посети домовите на граѓаните од населбата Карпош 1.

Албуми: