15 February 2013

КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА


Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ - Карпош организира втора голема КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА под мотото ДАРУВАЈ КРВ, ПОДАРИ ЉУБОВ. Акцијата ќе се одржи на ден 16.02.2013 од 11 до 16 часот во просториите на библиотеката „Другарче“ во населбата Карпош 3. ги каниме сите хумани луѓе кои би сакале да даруваат крв да дојдат и да ни се придружат. Крвта е наменета за најболните деца кои се лекуваат на Клиниката за Детски Болести, Скопје.