Во текот на вчерашниот ден Унијата на Млади Сили на ВМРО-ДПМНЕ - Општински Комитет КАРПОШ беше посетен од страна на Диме Спасов, Претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Јовица Латиновски, Претседател на Градскиот Комитет на УМС на ВМРО-ДПМНЕ и Сашо Лазаровски, заменик Министер за Локална Самоуправа на Република Македонија и потсекретар за 1 Изборна Единица на ВМРО-ДПМНЕ.
На посетата од страна на Претседателот Спасов беше нагласена важноста на Општинскиот Комитет на УМС - Карпош како дел од организационата структура на Унијата на Млади Сили, а истото беше нагласено и од страна на Претседателот на Градскиот Комитет на УМС Јовица Латиновски. Тие ја нагласија одличната организациона структура на Месните Комитети која ја има УМС - Карпош, за што говори соодветниот и навремен одговор на сите зададени задолженија.
Од страна на Претседателот на УМС - Карпош, Благоја Неделковски беа доделени благодарници на Драгица Костадиновска, директор на ДСУ „Здравко Цветковски“ за неограничената поддршка која ја дава на младите и на Сашо Лазаровски, заменик Министерот за Локална Самоуправа на Република Македонија и поранешен Претседател на УМС - Карпош во периодот од 2004 до 2008 година. Од страна на Претседателот Спасов беше нагласена улогата на Лазаровски за обновувањето на организационата структура на УМС - Карпош веднаш по расколот во партијата во 2004 година и беше посочен како пример за млад човек кој сам ја изградува својата политичка кариера со посветеност и макотрпна работа!
За да видите повеќе кликнете на следниот ЛИНК!