16 September 2012

Пуштена во употреба нова водоводна мрежа во Злокуќани

Денес 16.09.2012 година Градоначалникот на град Скопје г. Коце Трајановски и Директорот на ЈП Водовод и канализација м-р Стојан Србиноски официјално ја пуштија во употреба водоводната мрежа по дел од улицата Скупи, во населбата Злокуќани. Водоводната мрежа е со профил ф-75 милиметри, во должина од 329 метри. Паралелно со водоводната мрежа се изведе и фекална канализациона мрежа, со профил ф-160 милиметри, во должина од 156 метри. Со овие два проекта жителите од населбата Злокуќани добија подобро и поквалитетно водоснабдување и одведување на отпадните води. На настанот присуствуваа Претседателот на советот на град Скопје Ирена Мишева, заменик Министерот за Локална Самоуправа Сашо Лазаровски, Директорот на детската болница за белодробни заболувања - Козле Оливер Зафировски и Претседателот на Општинскиот Комитет Карпош Синиша Спасов заедно со дел од советниците од редовите на ВМРО ДПМНЕ од Општина Карпош.

За да видите повеќе кликнете на следниот ЛИНК!