ВМРО-ДПМНЕ започна со процес на подготовка на изборни програми за настап на локалните избори 2013година.
Локалните програми за општините, како и на минатите избори, ќе бидат прецизни со конкретни проекти, со конкретни рокови, средства и динамика за нивна реализација. Таквиот пристап при подготовката и реализацијата на програмите ВМРО-ДПМНЕ ја прави различна од сите други партии во Македонија. Ние превземаме конкретни одговорности и се држиме до тие одговорности.
Програмите ќе бидат одраз на суштинските барања на граѓаните. Реалните потреби, предизвици и проблеми на граѓаните, кажани од нив, се најреалната насока по која што треба да работат единиците на локалната самоуправа. Затоа ние ги слушаме граѓаните. Покрај она што е програмска определба на партијата за нас мислењето на граѓаните има исклучително високо значење.
Досегашната практика покажа дека предлозите и проектите на граѓаните се исклучително квалитетни. Дека граѓаните нудат идеи и решенија за нивните вистински потреби и приоритети. Дека она што го нудат е израз на нивните вистински потреби. Преку можноста тие да доставуваат предлози се покажува отвореност и слух за проблемите на граѓани. Граѓаните предлагаат она што навистина им треба, а ние сме тука тоа да го вметнеме во нашите програмски дејствувања и да го реализираме.
Досега ова се покажа како исклучетелно успешен начин на делување. Па така мерките кои досега беа превземени како легализацијата на дивоградби, откупот на дворно земјиште за едно евро метар квадратен, увоз на половни возила се мерки и проекти предложени од самите граѓани, токму на овој начин преку доставување на нивните идеи и предлози до нас.
И не се само овие мерки, туку и многу други проекти од локално значење, како на пример проектите за:
Изградба на булеварски влез од страната на Скопје во Битола,
Изградба на градски театар во Гевгелија,
Отворен Правен факултет во Кичево во рамките на Универзитетот “Св.Климент Охридски,
Изградба на ново основно училиште “Никола Карев“ Радовиш,
Изградба на ТИР зона во Кичево,
Изградба на Плоштад Александрија-во Прилеп,
Изградба на нов градски плоштад во Кавадарци,
Изградба на повеќенаменски спортски игралишта во Кочани и десетици и десетици други проекти произлени од самите граѓани.
Токму затоа продолжуваме понатаму, отворено, транспарентно и посветено. Во насока на мобилизација на сите креативни капацитети на македонското општество и нивно обединување во намерата за побрз и посилен развој, од денес ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани кои имаат предлози, сугестии, проекти и размислувања за кои сметаат дека можат да бидат внесени во изборнaта програма на Партијата во општината каде живеат да ги достават до Нас.
Вашите предлози со внимание ќе бидат разгледани од експертскиот тим на ВМРО-ДПМНЕ и кон нив ќе се пристапи со најголема сериозност.
Овие предлози можат да се достават на три начини:
• преку е-маил адреса: lokalniprogrami2013@vmro-dpmne.org.mk,
• преку пошта на адреса: ул. Македонија бр. 17 а, Скопје
• преку директна достава во седиштата на Општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ.
Ги повикуваме граѓаните да даваат идеи и предлози бидејќи тие со сериозност ќе бидат земени во предвид, а голем дел од нив и инкорпорирани во локалните програми.
Идејата на ВМРО-ДПМНЕ е да ги обедини сите граѓани околу мотивот за создавање на силни и просперитетни општини во Република Македонија. Општини кои брзо ќе чекорат кон развојот, со цел подобар живот за граѓаните.