Со особена чест, ОК Карпош и Комисијата за култура, Ве поканува на трибина со наслов "Со вера, љубов и надеж за Македонија", во Драмски театар, во недела-30.03.2014 година во 20.00 часот.
На трибината ке земат учество: Таско Јованов, претседател на Сојуз на Македонците од егејот "МАКЕДОН"", професор доктор Стефан Влахов-Мицов, професор од институтот за национална историја при Универзитетот Св. Кирил И Методиј-Скопје, Исмаил Бојда, претседател на Сојузот на македонците со исламска религија и Тодор Петров, претседател на СВЕ Македонскиот конгрес на Македонија . Во културната уметничката програма настапуваат: естрадниот уметник Ванчо Тарабунов, Средното музичко училиште 'Илија Николовски-Луј' насока традиционална музика и игра.