Кампањата за Претседателските избори 2014 започна, а ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш покажа и докажа дека има неприкосновена предност во инвентивноста на интернет кампањата.
Фејсбук фан страната на Претседателот Иванов, но и новиот YouTube профил на Тим Македонија, тимот составен од поддржувачи на Претседателот Иванов, како и новата веб страна на Претседателот се преполни со слики, видео спотови и информации за и од активностите на Претседателот Иванов.
ВМРО-ДПМНЕ продолжува со иновативните пристапи во претставувањето на активностите на Претседателот Иванов, продолжувајќи да биде пионер во многу области, посебно во маркетингот на социјалните мрежи.