27 September 2013

ПОВИК ЗА ГЛАСАЊЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛИ НА МЕСНИ КОМИТЕТИ

Почитувани браќа и сестри, сопартијци, во рамки на редовните активности на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ - Карпош, на 28.09.2013 година, ќе се одржат редовни избори за претседатели на месни комитети на територијата на Општина Карпош. Избраните претседатели на месни комитети ќе имаат 4 годишен мандат. Изборите кои ке се одвиваат на 28.09.2013 година (сабота) се однесуваат на 7 месни комитети: Пецо Божиновки Кочо, Карпош 2, Бардовци, Злокуќани, Тафталиџе 1, Карпош 4 и Влае 1. За да биде валидно гласањето мора да гласаат најмалку 30 % од членовите на месниот комитет.
Право да избира претседател на месен комитет на ВМРО-ДПМНЕ има секој член на ВМРО-ДПМНЕ со постојано живеалиште на подрачјето за кое е основан месниот комитет чиј претседател се избира, а е ажуриран во Централната база на податоци на ВМРО-ДПМНЕ.
За да може да го оствари своето Право на глас членот на месниот комитет, кој е заведен во базата на членови, на денот на гласањето мора задолжително да носи лична карта или патна исправа и по можност членска книшка, за да може да биде идентификуван од страна на изборната комисија за да го оствари своето право на глас.
Членовите на месните комитети ќе можат да го дадат својот глас во периодот од 11 до 17 часот во сабота на 28.09.2013 година на местата предвидени за гласање.

• Членовите на месниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Пецо Божиновки Кочо ќе може да гласаат во просториите на месниот штаб наспроти Ресторанот Канцона, ул. Миле Поп Јорданов ББ;
• Членовите на месниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Карпош 2 ќе може да гласаат во просториите на Општинскиот штаб до слаткарницата Палма во Тафталиџе, бул. Партизански одреди бр. 119;
• Членовите на месниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Бардовци ќе може да гласаат во просториите на месниот штаб кој се наоѓа по патот спроти игралиштето во Бардовци;
• Членовите на месниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Злокуќани ќе може да гласаат во просториите на месниот штаб кој се наоѓа на улица Скупи 20 бр. 21 по патот од лева страна во куќа, 150 метри пред душевната болница Бардовци;
• Членовите на месниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Тафталиџе 1 ќе може да гласаат во просториите на Општинскиот штаб до слаткарницата Палма во Тафталиџе, ул. Партизански одреди бр. 119;
• Членовите на месниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Карпош 4 ќе може да гласаат во просториите на месниот комитет во комплексот на ТЦ АНТИКО во Карпош 4 бул. Партизански одреди бр. 82.локал 23;
• Членовите на месниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Влае 1 ќе може да гласаат во просториите на штабот на ОК Карпош во ТЦ Порта Влае, бул. Партизански одреди бр. 151 - мезанин.

Ве повикувам да излезете и да го дадете Вашиот глас за личноста која сметате дека во наредниот четиригодишен период најдобро ќе ги застапува интересите на членовите на вашиот месен комитет во рамки на ВМРО-ДПМНЕ.
Со почит,

Претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ - Карпош
М-р Синиша Спасов