12 September 2013

ПОВИК ЗА ГЛАСАЊЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛИ НА МЕСНИ КОМИТЕТИ

Почитувани браќа и сестри, сопартијци, во рамки на редовните активности на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ - Карпош, на 14.09.2013 година, ќе се одржат редовни избори за Претседатели на Месни Комитети на територијата на Општина Карпош. Избраните Претседатели на Месни Комитети ќе имаат 4 годишен мандат. Изборите кои ќе се одвиваат на 14.09.2013 година (сабота) се однесуваат на 7 Месни Комитети: Кузман Јосифовски Питу, Карпош 1, Нерези, Владо Тасевски, Тафталиџе 2, Карпош 3 и Влае 2. За да биде валидно гласањето мора да гласаат најмалку 30% од членовите на Месниот Комитет.

Право да избира Претседател на Месен Комитет на ВМРО-ДПМНЕ има секој член на ВМРО-ДПМНЕ со постојано живеалиште на подрачјето за кое е основан Месниот Комитет чиј Претседател се избира, а е ажуриран во Централната база на податоци на ВМРО-ДПМНЕ.
За да може да го оствари своето право на глас членот на Месниот Комитет, кој е заведен во базата на членови, на денот на гласањето мора задолжително да носи лична карта или патна исправа и по можност членска книшка, за да може да биде идентификуван од страна на изборната комисија.
Членовите на Месните Комитети ќе можат да го дадат својот глас во периодот од 11 до 17 часот во сабота на 14.09.2013 година на местата предвидени за гласање.

РАСПОРЕД НА МЕСТА ЗА ГЛАСАЊЕ:
• Членовите на Месниот Комитет на ВМРО ДПМНЕ Кузман Јосифовски Питу ќе може да гласаат во просториите на месниот штаб наспроти Ресторанот Канцона;
• Членовите на Месниот Комитет на ВМРО ДПМНЕ Карпош 1 ќе може да гласаат во просториите на Општинскиот штаб до слаткарницата Палма во Тафталиџе;
• Членовите на Месниот Комитет на ВМРО ДПМНЕ Нерези ќе може да гласаат во просториите на месниот штаб кој се наоѓа по патот после мостот во Нерези кон црквата Св. Пантелејмон;
• Членовите на Месниот Комитет на ВМРО ДПМНЕ Владо Тасевски ќе може да гласаат во просториите на Општинскиот штаб до слаткарницата Палма во Тафталиџе;
• Членовите на Месниот Комитет на ВМРО ДПМНЕ Тафталиџе 2 ќе може да гласаат во просториите на Општинскиот штаб до слаткарницата Палма во Тафталиџе;
• Членовите на Месниот Комитет на ВМРО ДПМНЕ Карпош 3 ќе може да гласаат во просториите на месниот штаб во ТЦ Лептокарија - Карпош 3 спроти игралиштето на средното училиште „Никола Карев“;
• Членовите на Месниот Комитет на ВМРО ДПМНЕ Влае 2 ќе може да гласаат во просториите на штабот на ОК Карпош во ТЦ Порта Влае;

Ве повикувам да излезете и да го дадете Вашиот глас за личноста која сметате дека во наредниот четиригодишен период најдобро ќе ги застапува интересите на членовите на вашиот Месен Комитет во рамките на ВМРО-ДПМНЕ.

Со почит,
Претседател на Општински Комитет на ВМРО-ДПМНЕ - КАРПОШ
М-р Синиша Спасов