Почитувани,
Јакимовски вети заживување на инсустриските зони кои се наоѓаат во Општина Карпош. Од тоа не оствари ништо.
Индустриската зона Визбегово, под општина Бутел и индустриската зона Момин поток под општина Карпош имаат идентична локација и двете индустриски зони се наоѓаат на магистралниот пат за Косово и за двете зони има голем интерес од инвеститорите.
Единствената разлика поради која Момин поток во Карпош зјае празен е неспособсноста и незнењето за планирање на градоначалникот Јакимовски.
Ако во Визбегово комуналните давачки се спуштија на само 10 до 20 евра по метар квадратен, за да изградите индустриски капацитет на територијата на Општина Карпош истото тоа би ве чинело 100 евра по метар квадратен, или околу 10 пати поскапо.
Ова е најголем доказ дека градоначалникот на Карпош не поседува визија за економски прогрес на општината.
Очигледно е дека единственото што знае да го направи Јакимовски е да собере пари од граѓаните и потоа да ги дели на невладини организации блиски до него.
Токму од тие причини советниците од ВМРО-ДПМНЕ од Карпош покренаа граѓанска иницијатива за пренамена на парите кои Јакимовски планира да ги потроши во ветер и магла истите да се насочат онаму кај што е најпотребно - во економски развој на Општина Карпош.