26 April 2012

Вложуваме пет пати повеќе од било која влада на СДСМ



Почитувани,
Во областите кои ги споменува Стевчо Јакимовски, актуелната Влада на ВМРО-ДПМНЕ дала најмалку пет пати повеќе средства од било која влада на СДСМ претходно.
А да не зборуваме за инвестициите во сфери како земјоделието, образованието и здравството каде што не пет, туку педесет пати повеќе средства се одвојуваат или досега се одвоени во споредба со времето на СДСМ.

19 April 2012

Одржана трибина во Карпош


На трибината обраќање имаше премиерот Никола Груевски, кој на самиот почеток истакна дека ВМРО-ДПМНЕ продолжи да го исполнува ветувањето од 2006 година, а тоа е дека барем еднаш годишно ќе остварува средба со граѓаните од сите општини.

18 April 2012

Трибина на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,
Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ - Карпош ја има честа да Ве покани на трибина со Претседателот на Владата на Република Македонија и Претседател на ВМРО-ДПМНЕ м-р Никола Груевски заедно со Владиниот тим составен од Министри, заменици Министри и директори на државни институции.
Трибината ќе биде одржана во текот на утрешниот ден 19.04.2012 (четврток) со почеток од 18:00 часот во Драмскиот театар.
Го очекуваме Вашето присуство.

15 April 2012

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ, нека ни е за многу години!
Честитки до сите Христољубиви Христијани, до сите оние кои на овој ден го слават Христовото воскресение и победата над смртта.
Во овие тешки моменти за нашиот Македонски Христољубив народ да се сплотиме како никогаш досега и да покажеме дека сме народ кој знае да прости но не и да заборави, дека сакаме да живееме со сите кои сакаат да живеат со нас како браќа, но нема да дозволиме да бидеме газени, понижувани, масакрирани...
ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ, Божјиот мир меѓу нас и помеѓу сите Христољубци, Амин!

08 April 2012

Јакимовски нема визија за економски прогрес на Карпош

Почитувани,
Јакимовски вети заживување на инсустриските зони кои се наоѓаат во Општина Карпош. Од тоа не оствари ништо.
Додека во соседната индустриска зона Визбегово која е под општина Бутел се бара место повеќе за изградба на нов индустриски капацитет, индустриските зони Момин поток, Зајчев рид и Злокуќани кои што се во Карпош зјаат празни.