Советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ од Општина Карпош предводени од Претседателот на Општинскиот Комитет и заменик Министер за Локална Самоуправа, господинот Сашо Лазаровски продолжуваат со средбите меѓу граѓаните.
Во Недела (11.12.2011) ќе се одржат средби со:
- жителите на Порта Влае (бул. Партизански Одреди бр. 155 и зграда бул. Ѓорче Петров бр. 1) со почеток од 12 часот пред аптеката „Зегин“;
- жителите од Долно Нерези (бул. Партизански Одреди бр. 147 и 149) - воените кули, со почеток од 13 часот на просторот пред кулите.