Советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ од Општина Карпош предводени од Претседателот на Општинскиот Комитет и заменик Министер за Локална Самоуправа, господинот Сашо Лазаровски започнуваат со серија средби меѓу граѓаните.
Сега кога нема избори, тука сме да разговараме и да ги слушнеме Вашите идеи, потреби и проблеми.
Со средбите започнуваме овој викенд и тоа:
- со жителите на „романските“ кули во близина на Тинекс маркет во урбаната заедница Карпош 3 во Сабота (03.12.2011) во 12 часот (на просторот помеѓу кулите, кај фонтаната);
- со жителите на кулите во близина на поранешната фабрика Алумина во урбаната заедница Кузман Јосифовски Питу во Недела (04.12.2011) во 11 часот (на просторот помеѓу кулите).