04 February 2020

Јаревски: Стравот и паниката на Бихачка од ден на ден е се поголема

„Стравот и паниката на Бихачка од ден на ден е се поголема, знаејќи дека на изборите кои треба да се одржат на 12 април ги очекува најголемиот пораз во историјата на Независна Република Македонија прават се за да избегаат од изборите. Овој пат тоа го прават со уцени за Законот за Јавно обвинителство, кој им е единствено гранче за спас. Да бидеме реални, да сакавте да го донесете тој Закон доследно, како што доликува одамна ќе формирате посебен тим на професионалци кој ќе работи на тој Закон, а вака само докажувате дека се е само обична манипулација за да избегате од избори“, напиша Претседателот на ВМРО - ДПМНЕ ОК Карпош, Тони Јаревски.