Непосредно пред претседателските избори закажани за недела, 5ти мај, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ - ОК Карпош, Тони Јаревски им се обрати на жителите на Општина Карпош.
Ви го пренесуваме обраќањето интегрално:
„Почитувани, утре е веќе изборниот молк и затоа сакам да ви се обратам. Од самиот старт на кампањата Карпошани имаа можност да ја запознаат личноста и програмата на професорката Гордана Сиљановска Давкова. За секоја теренска активност, средби со граѓани, митинзи, секое следно обраќање растеше искрената поддршка на жителите на општина Карпош за нашиот кандидат. Не делат два дена до изборниот ден и можноста за победа во Карпош. Два дена за Карпошани да застанат на страната на правдата и правичноста во Република Македонија, наспрема непотизмот и лажните ветувања на оваа ненародна Власт. Имаме шанса жена да биде чувар на македонските интереси. Драги Карпошани ајде во недела сите заедно масовно да излеземе на избори и да ја поразиме оваа ненародна Власт. Македонија е во прашање, да дадеме искрена и недвосмислена поддршка на Проф.д-р Гордана Сиљановска Давкова. Да излеземе и да го заокружиме бројот 2 ✍️, да излеземе и сами да одлучиме за нашата иднина, да излеземе и да ја избереме Гордана Сиљановска Давкова за Претседател на Република Македонија. #ЗаПравоИПравда 🇲🇰
#ПравдаЗаМакедонија 🇲🇰 #ТатковинатаПовикува 🇲🇰“