Вчера, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го посети нашиот Општински комитет и одржа состанок со членството на ОК Карпош. На состанокот разговаравме за актуелните политички случувања и истиот беше проследен со позитивна енергија, но и со одлична дискусија во која се развија многу идеи за понатамошната работа.
„Членовите се со мотив, посветеност и ентузијазам, уверени и доследни во намерата да извојуваме победа на следните избори во Карпош. Се радувам што состанокот беше можност Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во тоа и лично да се увери. #единствени #сплотени #ВМРО #Карпош“, напиша Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ - ОК Карпош, Тони Јаревски на својот Фејсбук профил.