Согласно одлуката на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, а врз основа на член 28, став 1, алинеја 5 од статутот на ВМРО-ДПМНЕ и член 6 од Деловникот за работа на Општинските комитети се објавува Повик за кандидирање на канидати за претседатели на Општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ во следниве Општини: Карпош, Куманово и Ранковце.
Потребната документација за кандидирање за Претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ за набројаните општини може да се подигне во Седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје (ул. Јуриј Гагарин бр. 15 ) или на официјалната веб страна www.vmro-dpmne.org.mk (директен ЛИНК до апликацијата)
Пополнетата документација за кандидирање за Претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ за набројаните Општини треба да се предаде во Седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје (ул. Јуриј Гагарин бр. 15 ) во архивата секој работен ден од 12 до 17 часот.
Кандидатите треба да се членови на ВМРО-ДПМНЕ во моментот на доставување на кандидатурата.
За подигнување на документите и поднесување на кандидатурата е доволно индивидуално присуство на потенцијалниот кандидат.
За поднесување на кандидатурата не се потребни потписи туку доставување на стандардизирана биографија и пополнување на стандардизираниот прашалник кои се подигнуваат во Седиштето на ВМРО-ДПМНЕ или на официјалната страна на ВМРО-ДПМНЕ.
Кандидатите треба да ги подигнат потребните матерјали за кандидирање од денот на објавување на овој Повик, а пополнетите матерјали да ги достават најдоцна до 20.11.2013 година.
По доставување на кандидатурата односно биографијата и прашалникот, секој кандидат дополнително ќе биде контактиран од Седиштето на ВМРО-ДПМНЕ и со него ке биде извршен разговор од страна на комисијата.
Сите кандидати имаат подеднакви шанси да бидат избрани, зависно од личните квалитети, успесите во минатото и визијата за иднината. Секој пријавен кандидат треба да бие третиран со дискреција, со цел заштита на кандидатите кои нема да бидат избрани.
Сите останати детали во врска со кандидирањето се дел од прашалникот кој треба да го пополни секој кандидат и заедно со биографијата да ги достави во утврдениот рок.
ВМРО-ДПМНЕ го задржува правото да ги провери податоците доставени во биографијата и прашалникот на секој кандидат.
По завршувањето на процедурата на избор, секој кандидат има право да ја подигне неговата документација, односно прашалникот и биографијата по негово сопствено барање.
Со почит,
ВМРО-ДПМНЕ