22 December 2012

Пуштена во употреба реконструираната водоводна мрежа по дел од улицата Козле, крак 3


Денес 22.12.2012 година Директорот на ЈП „Водовод и канализација-Скопје“ г-дин Стојан Србиноски, во присуство на  кандидатот за Градоначалник за општина Карпош од редовите на ВМРО-ДПМНЕ  г-ѓа Јагнула Куновска, ја пушти во употреба реконструираната водоводна мрежа по дел од улицата Козле, крак 3. Станува збор за мрежа со профил на цевки Ф-100 милиметри и должина од 102,8 метри. Реконструкцијата опфати дислокација на водоводната мрежа која претходно поминуваше низ имотот на дел од корисниците.  Исто така дотраените  и стари цевки беа заменети со нови цевки изработени од дуктилно лиено железо. Вредноста на инвестицијата изнесува 1,5 милиони денари. Со оваа реконструкција корисниците од овој дел од општина Карпош добија подобро и поквалитетно водоснабдување.
ЈП „Водовод и канализација-Скопје“ во континуитет ја реконструира водоводната мрежа. За потсетување на територија на општина Карпош во оваа 2012 година спроведени се серија проекти со кои е реконструирана водоводната мрежа и тоа:
Во населбата Злокуќани реконструирана е водоводната мрежа по дел од улицата Скупи, крак број 3 и улицата Скупи која е со профил ф-75 милиметри, во должина од 329 метри.  
Во населбата Бардовци реконструирана е водоводната мрежа по ново предвидената улица К, која е со профил ф-110 милиметри, во должина од 200 метри.
Во Средно Нерези реконструирана е водоводната мрежа по дел од улицата Козле, која е со профил ф-110 милиметри, во должина од 321 метри, со напомена дека потребно е да се постави Хидрофор и да се пушти во употреба. 
Во населбата Тафталиџе во завршна фаза е реконструкцијата на водоводната мрежа по дел од улиците Њу Делхиска, Каирска, Римска и Алжирска, со која ќе се заменат старите цоловани цевки со нови цевки изработени од дуктилно лино железо, со профил ф-100 милиметри, во должина од 1026 метри.
И во наредната 2013 година ЈП Водовод и канализација-Скопје ќе продолжи со реконструкција на водоводната мрежа, со цел корисниците да имаат што е можно подобро и поквалитетно водоснабдување.

За да видите повеќе кликнете на следниот ЛИНК!