Од името на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Советот на Општина Карпош, сакаме да го изразиме нашиот револт од непочитувањето на волјата на граѓаните, самоволието, политичките манипулации и интриги на Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски и советничката група на СДСМ.
Стевчо Јакимовски веќе неколку месеци одбива да го верификува мандатот на советничката од советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери, Евламбија Станинова.
Сакаме да потенцираме дека ова се случува втор пат кога е во прашање на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, а тоа не е случај со другите советнички групи.
Уште на 08.06.2012 година, Советник од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ си поднесе оставка од својата функција, поради извршување на друга задача и функција. Тоа по автоматизам претставува задолжение до претседателот на советот на општина Карпош, да ја извести Општинската изборна комисија за престанок на мандат на советникот во најкус можен рок, но истите се известени дури после повеќе од 3 месеци, односно на 14.09.2012 година. Општинската изборна комисија на 18.09.2012 година повратно го извести претседателот на советот на Општина Карпош дека следна на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери е советничката Евламбија Станинова.
Од тогаш до сега, преку користење на разно-разни слетки, админинистративни процедури и манипулации, Стевчо Јакимовски и мнозинството на СДСМ одбива да верификува мандат кој е легитимно избран од граѓаните на Карпош.
Ние за ваквото самоволие ќе ја известиме и Државната изборна комисија која ќе побараме соодветно да реагира.
Факт е дека мнозинството во Советот на општина Карпош го контролира Стевче Јакимовски и дека тој управува со скоро сите одлуки на Советот на Општината.
Јакимовски на овој начин ја изигра вољата повеќе од 10 500 гласачи, користејки ја деловничката празнина, дека доколку седница еднаш е прекината не мора повторно да се стави на дневен ред.
Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски најгрубо навреди 10.500 гласачи, жители на Општина Карпош кои го дадоа својот глас за кандидатите за советници на ВМРО-ДПМНЕ.
Стевчо Јакимовски е против волјата на граѓаните.
Очигледно е дека Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски е воден исклучиво од внатрепартиски , а не од интересите на граѓаните на Карпош.
Според Јакимовски единствено кадрите на СДСМ имаат право да бидат советници во Општина Карпош.
Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ го прашува Јакимовски со кое лице ке побара од граѓаните на Општина Карпош уште еден градоначалнички мандат?
Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи целата општина да биде заложник на СДСМ и Стевчо Јакимовски.