30 October 2012

Трибина на комисијата за земјоделство понеделник · Во текот на вчерашниот ден во просториите на библиотека


Во текот на вчерашниот ден во просториите на библиотека Другарче, во Карпош 3, со почеток во 18:00 часот, се одржа трибина во организација на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ - Карпош.
Тема на трибината беше „Финансиска подршка на Руралниот развој (национални и европски фондови), политика за кредитирање на земјоделството и рурални фондови“. Свое излагање на трибината имаше доц. д-р Сашо Кутлешовски

Стевчо Јакимовски е против волјата на граѓаните



Од името на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Советот на Општина Карпош, сакаме да го изразиме нашиот револт од непочитувањето на волјата на граѓаните, самоволието, политичките манипулации и интриги  на  Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски и советничката група на СДСМ.

Стевчо Јакимовски веќе неколку месеци одбива да го верификува мандатот на советничката од советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери,  Евламбија Станинова.

29 October 2012

Покана за трибина на комисијата за земјоделство


Почитувани, 
на ден 29.10.2012 година (Понеделник) во просториите на библиотека Другарче, во Карпош 3, со почеток во 18:00 часот, ќе се одржи Трибина во организација на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ - Карпош.
Тема на трибината ќе биде „Финансиска подршка на Руралниот развој (национални и европски фондови), политика за кредитирање на земјоделството и рурални фондови“.
Предавач: доц. д-р Сашо Кутлешовски
По тој повод, ни претставува големо задоволство да Ве поканиме, со Вашето присуство да го збогатите овој настан!

28 October 2012

Пуштена во употреба втората фаза од бул. Митрополит Теодосиј Гологанов

Денес, во присуство на Премиерот на Република Македонија г-дин Никола Груевски, Градоначалникот на Град Скопје г-дин Коце Трајановски, функционери од локалната и централна власти и голем број на граѓани беше пуштен во употреба вториот дел на реконструираниот бул. Митрополит Теодосиј Гологанов од крстосницата со бул. Френклин Рузвелд до крстосницата со ул. Брадфорска и Октомвриска Револуција во продолжение.
За да видете повеќе кликнете на следните линкови:

27 October 2012

Пуштење во употреба на II фаза од бул. Митрополит Теодосиј Гологанов


Почитувани, на ден 28.10.2012 – недела во 13 часот на крстосницата на бул. Митрополит Теодосиј Гологанов со ул. Брадфорска (кај стара чешма), во присуство на премиерот Никола Груевски и градоначалникот на град Скопје Коце Трајановски ќе биде пуштена во употреба втората фаза од бул. Митрополит Теодосиј Гологанов.

25 October 2012

Трибина

Почитувани, на 26.10.2012 (петок) со почеток во 19 часот во просториите на Факултетот за Туризам - Скопје ќе се одржи трибина на тема: „Влијанието на медиумите врз формирањето на јавното мислење“. Го очекуваме вашето присуство .
Со почит ВМРО-ДПМНЕ - Општински Комитет КАРПОШ.

23 October 2012

Честит 23-ти Октомври

Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ - Карпош на сите граѓани на Република Македонија и на сите Македонци им го честита денот на Македонската револуционерна борба.
На овој ден пред 119 години шест млади Македонски интелектуалци ја зачнаа идејата за создавање на една независна чисто Македонска револуционерна организација која одвнатре ќе се бори за слобода на Македонија и Македонскиот народ. Тие не ни сонувале што нивната организација ќе направи за Македонија и колку брзо ќе биде прифатена од народот. Токму затоа, денес на овој ден ние го славиме денот на Македонската револуционерна борба, ден кога е институционализирана револуционерната мисла на една мала група на млади Македонски интелектуалци во една конкретна организација со јасно истакната цел, слободна Македонија!
За многу години.

19 October 2012

Одбележан денот на Македонската Револуционерна Организација

Во текот на вчерашниот ден Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ - Карпош организираше  свечена прослава во пресрет на 23-ти Октомври, Денот на Македонската револуционерна борба. На прославата свое предавање за историјата на Македонската Револуционерна Организација одржаа проф. д-р Зоран Тодоровски, директор на Архивот на Република Македонија и проф. д-р Виолета Ачковска, професор на Институтот за историја при Филозофскиот Факултет на Универзитетот Св. Кирил и Методиј - Скопје.
Свое излагање за формирањето на  ВМРО-ДПМНЕ и на Општиснкиот Комитет Карпош одржа Драган Димишков еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ.

За да видите повеќе кликнете на следниот ЛИНК!

17 October 2012

Прослава за денот на Македонската Револуционерна Организација

Почитувани, Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Карпош има чест да Ве покани на Прослава по повод „23 Октомври денот кога е создадена Внатрешната Македонска Револуционерна Организација“.
Чествувањето ќе се одржи на 18.10.2012 год. со почеток во 19:00 часот во Драмски Театар – Скопје

11 October 2012

Честит 11-ти Октомври

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ - Карпош на сите граѓани на Република Македонија и сите Македонци им го честита 11-ти Октомври, денот на народното ослободително востание.
На овој ден пред 71 година македонскиот народ кажа НЕ на тиранијата, НЕ на окупаторскиот режим и онечно со самостојни сили се избори за своја сопствена држава.
За многу години.

04 October 2012

Одржана трибина на тема „ИТ безбедност“

Денес со почеток во 18 часот во библиотеката „Другарче“, комисијата за информатика од ВМРО-ДПМНЕ - ОК Карпош одржа трибина на тема "ИТ безбедност". Презентери на трибината беа Михајло Лазовски и Емилија Дуртаноска.
Оваа трибина беше прва од серијата трибини кои комисијата за информатика ќе ги организира со цел да им помогне на сите оние кои сакаат информатички да се едуцираа.

03 October 2012

Трибина на тема „ИТ безбедност“

На ден 04.10.2012 (четврток) со почеток во 18 часот во библиотеката „Другарче“, комисијата за информатика од ВМРО-ДПМНЕ - ОК Карпош ќе одржи трибина на тема "ИТ безбедност". Оваа трибина ќе биде прва од серијата трибини кои комисијата за информатика ќе ги организира со цел да им помогне на сите оние кои сакаат информатички да се едуцираат. Повелете и дајте поддршка со своето присуство.

01 October 2012

Нов парк на територијата на Козле

Парк со површина од над 30 000 m2 за време на вчерашната посета во населбата Козле најави Градоначалникот на Град Скопје, г-дин Коце Трајановски. Тој најави дека за помалку од еден месец би требало да се заврши со втората фаза од проширувањето на бул. Митрополит Теодосиј Гологанов, а веднаш потоа на делот спроти супер маркетот „ВЕРО“ ќе биде изграден парк со рекреативна содржина за сите возрасти.

За да прочитате повеќе кликнете на следниот ЛИНК!

Годишно собрание на Унијата на жени - ОК Карпош


Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ од Општинските Комитети Карпош, Ѓорче Петров и Сарај, на 06.10.2012 (сабота) во Драмскиот Театар, со почеток од 20 часот ќе одржат заедничко годишно собрание. сите членови се поканети да присуствуваат.
Со почит,
Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ - ОК Карпош