15 August 2012

Влијанието на климатските промени врз здравјето на човекот

Денес 15.08.2012 со почеток во 20:00 часот во просториите на Универзитетот за Tуризам и Mенаџмент - Скопје се одржа трибина на тема „Влијанието на климатските промени врз здравјето на човекот“   во организација на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ - ОК Карпош  и соработка  со Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ - ОК Карпош.
Предавачи на трибината беа  м-р Д-р. Билјана Данаиловска од Центарот за јавно здравје Скопје и  Прим. Д-р. Соња Тасевска Васиќ од ЈЗУ ЗД Железничар Скопје .
За да видите повеќе кликнете на следниот ЛИНК!


07 August 2012

Градот Скопје и Владата секојдневно реализираат проекти во општина Карпош



Стевчо Јакимовски ја троши последната година од својот мандат како градоначалник на Општина Карпош. И како што се ближат следните локални избори така неговата нервоза и страв стануваат се поголеми. Свесен е и самиот дека граѓаните го осуетија неговото недомаќинско трошење на народните пари и реализирање на ситни, несуштински проекти кои беа само шминка на огромните скандали кои го следеа.