31 March 2014

Распоред на митинзи - Избори 2014

Почитувани,
Ова е распоредот на митинзите на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните Претседателски и Парламентарни Избори 2014.
Се надеваме дека со Вашето присуство ќе ја дадете својата поддршка!

30 March 2014

Кандидатски листи за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата “За подобра Македонија”

Ова е победничкиот тим од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија со кој одиме на голема, историска победа

Трибина - Со вера, љубов и надеж за Македонија

Со особена чест, ОК Карпош и Комисијата за култура, Ве поканува  на трибина со наслов "Со вера, љубов и надеж за Македонија", во Драмски театар, во недела-30.03.2014 година во 20.00 часот.

23 March 2014

ВМРО-ДПМНЕ со уште една иновативна кампања

Кампањата за Претседателските избори 2014 започна, а ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш покажа и докажа дека има неприкосновена предност во инвентивноста на интернет кампањата.
Фејсбук фан страната на Претседателот Иванов, но и новиот YouTube профил на Тим Македонија, тимот составен од поддржувачи на Претседателот Иванов, како и новата веб страна на Претседателот се преполни со слики, видео спотови и информации за и од активностите на Претседателот Иванов.
ВМРО-ДПМНЕ продолжува со иновативните пристапи во претставувањето на активностите на Претседателот Иванов, продолжувајќи да биде пионер во многу области, посебно во маркетингот на социјалните мрежи.

01 March 2014

Претседателот Иванов реизбран на конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ

Актуелниот Претседател на Република Македонија, Ѓорге Иванов, уште еднаш ќе ја трча претседателската изборна трка.

На Конвенцијата на владејачката партија, за избор на претседателски кандидат, гласаа 1300 делегати. Од кои 1099 гласаа за  Ѓорге Иванов, 124 за Јове Кекеновски, Ставре Џиков доби 10 гласови додека Божидар Ночев доби само 1 глас.