28 February 2013

Покана за трибина

Почитувани,
Комисијата за здравство на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ - Карпош Ве поканува на трибина на тема „Превенција, рано откривање и третман на рак на дојка“.
Трибината ќе се оддржи денес со почеток од 18 часот во библиотеката „Другарче“.

26 February 2013

Покана за трибина

Почитувани, Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ - Карпош, Ве поканува утре, 27.02.2013 во 16 часот и 45 минути на трибина за повозрасните граѓани во Библиотека Другарче. На трибината соговорници ќе бидат претставници од Министерството за труд и социјална политика, како и на ПИОМ.
Го очекуваме Вашето присуство.

Со почит,
Општински Комитет на ВМРО-ДПМНЕ - Карпош

24 February 2013

Посета на месниот комитет на Бардовци

Во текот на денешниот ден кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Општина Карпош г-ѓа Јагнула Куновска и носителот на советничката листа г-дин Сашо Лазаровски остварија посета на МК Бардовци.
Тие направија прошетка со жителите на Бардовци и ги посетија Црквата Св. Тројца, Хамзи пашините конаци и фудбалското игралиште.
За да видите повеќе кликнете на следниот ЛИНК!

23 February 2013

Во здраво тело, здрав дух. Во слоганот на оваа парола денеска 23.02.2013 УМС на ВМРО-ДПМНЕ - ОК Карпош организираше баскет турнир, на кој млади од 15 екипи се натпреваруваа за првото место.
Победникот на овој натпревар доби пофалница за учеството како и за подршката на владината стратегија за правилен раст и развој на младите.
За да видите повеќе кликнете на следниот ЛИНК!

22 February 2013

На кафе во Барбакан

Денес кандидатот за Градоначалник на Општина Карпош на ВМРО-ДПМНЕ г-ѓа Јагнула Куновска и носителот на советничката листа г-дин Сашо Лазаровски имаа неформална средба со дел од бизнис заедницата во кафе Барбакан.
Средбите продолжуваат и понатаму.

За да видите повеќе кликнете на следниот ЛИНК!

Остварена средба со студенти

Студентите од повеќе универзитети од РМ, членови на ВМРО-ДПМНЕ побараа да остварат средба со кандидатот за градоначалник на општина Карпош г-ѓа Јагнула Куновска и носителот на советничката листа г-дин Сашо Лазаровски.
На оваа средба се дискутираше за можностите на локалната самоуправа за активно помаѓање на студентите.
Исто така студентите ги истакнаа својте размислувања за активно вклучување на самите нив во локалната самоуправа преку најразлични проекти.
Оваа средба заврши со договор за понатамошна соработка помеѓу студентите и општина Карпош.

За да видите повеќе кликнете на следниот ЛИНК!

Средба со граѓаните пред ТИНЕКС маркетот во Тафталиџе

Во текот на денешниот ден носителот на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Карпош г-дин Сашо Лазаровски заедно со кандидатот за Градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Општина Карпош г-ѓа Јагнула Куновска имаа средба со граѓаните пред ТИНЕКС маркетот во Тафталиџе.
Граѓаните беа задоволни што лично од кандидатите можат да ја добијат програмата и што можеа да ги споделат своите мислења со нив.
За да видите повеќе кликнете на следниот ЛИНК!

16 February 2013

Крводарителска акција

Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ - Карпош организираше втора голема КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА под мотото „ДАРУВАЈ КРВ, ПОДАРИ ЉУБОВ“.
Акцијата се оддржи од 11 до 16 часот во просториите на библиотеката „Другарче“ во населбата Карпош 3.
Крвта е наменета за најболните деца кои се лекуваат на Клиниката за Детски Болести, Скопје.

За да видите повеќе кликнете на следниот ЛИНК!

15 February 2013

Активности на Јагнула Куновска 15.02.2013

Во текот на денешниот ден кандидатката за градоначалник на Општина Карпош, г-ѓа Јагнула Куновска имаше средба со граѓаните на населбата Влае 1.
Таа потоа одржа прес-конференција пред темелите на Црквата во Влае, темели кои што градоначалникот Јакимовски ги осветува во повеќе наврати, а не се мрднати од почетната фаза.
На крајот од денот таа имаше средба со граѓаните пред маркетот ВЕРО 2.

Албуми:

КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА


Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ - Карпош организира втора голема КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА под мотото ДАРУВАЈ КРВ, ПОДАРИ ЉУБОВ. Акцијата ќе се одржи на ден 16.02.2013 од 11 до 16 часот во просториите на библиотеката „Другарче“ во населбата Карпош 3. ги каниме сите хумани луѓе кои би сакале да даруваат крв да дојдат и да ни се придружат. Крвта е наменета за најболните деца кои се лекуваат на Клиниката за Детски Болести, Скопје.

14 February 2013

Активности на Јагнула Куновска 14.02.2013

Во текот на денешниот ден кандидатката за градоначалник на Општина Карпош, г-ѓа Јагнула Куновска оддржа прес-конференција пред старата општинска зграда сместена на бул. Партизански одреди. На прес-конференцијата таа го повика актуелниот градоначалник, г-дин Стефчо Јакимовски да излезе на изборите со конкретни проекти и програма по што граѓаните ќе одлучат на кого ќе ја дадат својата доверба!
Потоа г-ѓа Куновска оствари средба со граѓаните на Карпош пред ТИНЕКС маркетот во населбата Карпош 3.
Во попладневните часови г-ѓа Куновска ги посети домовите на граѓаните од населбата Карпош 1.

Албуми:

13 February 2013

Активности на Јагнула Куновска 13.02.2013

Во текот на денешниот ден кандидатката за градоначалник на Општина Карпош, г-ѓа Јагнула Куновска имаше средба со граѓаните од населбата Козле кај КАМ маркет.
Уште еднаш голем број на граѓани ја искажаа својата поддршка за г-ѓа Куновска.

Албум

12 February 2013

Активности на Јагнула Куновска 12.02.2013

Во текот на денешниот ден кандидатката за градоначалник на Општина Карпош, г-ѓа Јагнула Куновска одржа прес конференција проследена со еко акција на левиот брег на реката Вардар спроти хотелот „Александар палас“.
Таа потоа ги посети Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во Карпош 3 и Злокуќани.

Албуми:

11 February 2013

Активности на Јагнула Куновска за 11.02.2013

Во текот на денешниот ден кандидатката за градоначалник на Општина Карпош, г-ѓа Јагнула Куновска оствари средба со поголем број на граѓани пред ТИНЕКС маркетот во населбата Карпош 2. Потоа таа присуствуваше на трибината на тема ДЕНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА која се оддржа во кинотеката „Другарче“.



Албуми:

Покана за трибина на тема ДЕНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА

Почитувани утре, вторник (12.02.2013) во периодот од 17 до 19 часот во кинотека „ДРУГАРЧЕ“ ќе се одржи трибина на тема ДЕНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА. Сите заинтересирани се покани да присуствуваат. На трибината присутните ќе имаат можност на предавачите да им поставуваат прашања во врска со нејаснотиите околу денационализацијата кои ги имаат.
На трибината свое учество ќе земат видни и докажани личниости од оваа област.

Со почит,
Општински Комитет на ВМРО-ДОМНЕ - Карпош

09 February 2013

Отворен Општински Изборен Штаб - Карпош

Во текот на денешниот ден беше отворен Општинскиот Изборен Штаб на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Карпош. Штабот е лоциран на бул. Партизански Одреди бр. 119 (нас. Тафталиџе 2).
На отворањето свое обраќање имаа Министерот за Финансии г-дин Зоран Ставрески, Претседателот на Општинскиот Изборен Штаб на ВМРО-ДПМНЕ - Карпош г-дин Синиша Спасов и кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Општина Карпош г-ѓа јагнула Куновска.
Г-дин Ставрески даде краток осврт на проектите кои Владата на РМ ги има реализирано во Општина Карпош.
Претседателот на Општинскиот Изборен Штаб, г-дин Синиша Спасов нагласи дека е „ние не поткупуваме и лажеме, ние остваруваме“!
За да видите повеќе кликнете на следниот ЛИНК!


08 February 2013

Активности 08.02.2013

Во текот на денешниот ден кандидатот за градоначалник на Општина Карпош г-ѓа Јагнула Куновска оствари средба со голем број на жители од општината.
Најпрво, од 11 до 12 часот кај пазарчето во Тафталиџе 1 оствари средба со поголем број на повозрасни граѓани од општината.
Потоа, г-ѓата Куновска оствари средба со членовите на ВМРО-ДПМНЕ од МК Карпош 1 и 2, за денот да го заврши со посета на жителите од урбаната заедница Владо Тасевски.
За да видите повеќе појдете до следните албуми:

Отворање на Општински Изборен Штаб

Почитувани,
Општинскиот Комитет Карпош, Ве поканува, во сабота 09.02.2013  во 12 часот на свечено отворање на новиот Општински Изборен Штаб на ВМРО ДПМНЕ - ОК Карпош. Новиот изборен штаб се наоѓа во Тафталиџе 2, на булеварот Партизански одреди, во зградата до слаткарницата Палма. На отворањето ќе присуствуваат истакнати личности од политичкиот, културниот, спортскиот и општествениот живот.

07 February 2013

Промовирана изборната програма за ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ 2013

Денес, со почеток од 18 часот во Драмскиот театар беше промовирана програмата на кандидатот за Градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Општина Карпош г-ѓа Јагнула Куновска. Меѓу бројните поситители на промоцијата присусвуваа и Министрката за Култура, г-ѓа Елизабета Канческа Милевска, Министерот за Финансии г-дин Зоран Ставрески, Министерот за Образование г-дин Панче Кралев, како и Градоначалникот на Град Скопје г-дин Коце Трајановски.
На промоцијата свое обраќање имаа и Министерот за Финансии г-дин Зоран Ставрески, Градоначалникот на Град Скопје г-дин Коце Трајановски кои ја искажаа својата доверба во г-ѓата Куновска и и ја дадоа сета своја поддршка за претстојните избори.
За да Видите повеќе кликнете на следниот ЛИНК!

06 February 2013

Промоција на изборната програма за Општина Карпош

Почитувани,
Ве покануваме на 07.02.2013 година, четврток во 17:30 часот, во Драмски театар, да присуствувате на презентацијата на изборна програма за Локалните Избори 2013 на кандидатот за Градоначалник на Општина Карпош од ВМРО-ДПМНЕ г-ѓа Јагнула Куновска. На промоцијата ќе присуствуваат еминентни личности од културниот и политичкиот живот во Република Македонија.
Го очекуваме вашето присуство.
Со почит,
Општински комитет на ВМРО-ДПМНЕ - Карпош.