21 July 2013

Повик за кандидирање на кандидати за Претседатели на Месни Комитети на ВМРО-ДПМНЕ при Општинскиот Комитет КАРПОШ

Согласно одлуката на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, а врз основа на член 39 од Статутот на ВМРО-ДПМНЕ се објавува Повик за кандидирање на кандидати за Претседатели на сите Месни Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во Општинскиот Комитет Карпош.
Потребната документација за кандидирање на Претседател на Месен Комитет на ВМРО-ДПМНЕ може да се подигне од моменталното седиште на ВМРО-ДПМНЕ на ул. Јуриј Гагарин (веднаш до Министерството за Економија) секој работен ден од 12 до 17 часот или можете да го превземете од следниот ЛИНК.
Кандидатите треба да се членови на ВМРО-ДПМНЕ во моментот на доставување на кандидатурата. За подигнување на документите и поднесување на кандидатурата е доволно индивидуалното присуство на потенцијалниот кандидат, лично на рака во седиштето или по е-пошта на адреса: cik@vmro-dpmne.org.mk.
Кандидатите треба да ги подигнат потребните материјали за кандидирање од денот на објавување на овој Повик, а пополнетите материјали да ги достават најдоцна до 10.08.2013 година.
Сите кандидати имаат подеднакви шанси да бидат избрани, зависно од личните квалитети, успесите во минатото и визијата за иднината. Секој пријавен кандидат ќе биде третиран со строга дискреција, со цел за заштита на кандидатите кои нема да бидат избрани.
ВМРО-ДПМНЕ го задржува правото да ги провери податоците доставени во апликацијата на секој кандидат.
По завршувањето на процедурата на избор секој кандидат има право да ја подигне неговата документација, односно апликацијата, по негово сопствено барање.