19 September 2012

Отворени канцеларии за МК Владо Тасевски

Денес, 19.09.2012, беше отворена канцеларијата на Месниот Комитет Владо Тасевски. За да видите повеќе кликнете на следниот ЛИНК!

16 September 2012

Пуштена во употреба нова водоводна мрежа во Злокуќани

Денес 16.09.2012 година Градоначалникот на град Скопје г. Коце Трајановски и Директорот на ЈП Водовод и канализација м-р Стојан Србиноски официјално ја пуштија во употреба водоводната мрежа по дел од улицата Скупи, во населбата Злокуќани. Водоводната мрежа е со профил ф-75 милиметри, во должина од 329 метри. Паралелно со водоводната мрежа се изведе и фекална канализациона мрежа, со профил ф-160 милиметри, во должина од 156 метри. Со овие два проекта жителите од населбата Злокуќани добија подобро и поквалитетно водоснабдување и одведување на отпадните води. На настанот присуствуваа Претседателот на советот на град Скопје Ирена Мишева, заменик Министерот за Локална Самоуправа Сашо Лазаровски, Директорот на детската болница за белодробни заболувања - Козле Оливер Зафировски и Претседателот на Општинскиот Комитет Карпош Синиша Спасов заедно со дел од советниците од редовите на ВМРО ДПМНЕ од Општина Карпош.

За да видите повеќе кликнете на следниот ЛИНК!

15 September 2012

Детската болница Козле ќе добие нов современ здравствен објект


Нов современ здравствен објект по најнови стандарди ќе биде изграден на местото на постоечкиот Институт за белодробни заболувања во Козле.
Инвестицијата изнесува над осум милиони евра, а планирано е изградбата да заврши за 24 месеци. Новата болница ќе биде опремена со 100 кревети, собите двокреветни и во секоја од нив ќе има тоалет.

Пуштање на водоводна мрежа во Злокуќани

Со особена чест и задоволство Ве покануваме да присуствувате на официјалното пуштање во употреба на водоводната мрежа по дел од улицата Скупи, во населбата Злокуќани. Водоводната мрежа ќе ја пушти во употреба Директорот на ЈП Водовод и канализација-Скопје м-р Стојан Србиноски. Почетокот на пуштањето на водоводната мрежа ќе се одржи на на 16.09.2012 година (недела), на улицата Скупи, на паркингот кај Томато продукција, со почеток во 10:30 часот.

14 September 2012

Поставување на камен темелник на болницата во Козле

Утре 15.09.2012 (сабота) во 11:30 часот, Ве покануваме на свечено поставување на камен темелник на новата детска клиника за белодробни заболувања во Козле. На свеченоста ке присуствуваат Премиерот г. Никола Груевски, Министерот за здравство г.Никола Тодоров и директорот на клиниката д-р. Оливер Зафировски.

08 September 2012

Среќен 8-ми Септември

Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ - Карпош на сите граѓани на Република Македонија, како и на сите Македонци ширум светот им го честита Денот на независноста, денот кога Македонците и граѓаните на Македонија решија да живеат во независна, суверена и самостојна држава, ден на кој се оствари вековниот сон! Нека ни е за многу години.

06 September 2012

Одржана свеченост по повод Денот на независноста

По повод 8-ми Септември, Денот на независноста на Република Македонија, Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ - Карпош во библиотеката „Другарче“ одржа пригодна свеченост на која достојно беше одбележан Денот на независноста на нашата татковина.
За да видите повеќе кликнете на следниот ЛИНК!

Посета на УМС на ВМРО-ДПМНЕ на ОК Карпош

Во текот на вчерашниот ден Унијата на Млади Сили на ВМРО-ДПМНЕ - Општински Комитет КАРПОШ беше посетен од страна на Диме Спасов, Претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Јовица Латиновски, Претседател на Градскиот Комитет на УМС на ВМРО-ДПМНЕ и Сашо Лазаровски, заменик Министер за Локална Самоуправа на Република Македонија и потсекретар за 1 Изборна Единица на ВМРО-ДПМНЕ.

03 September 2012

Идеи од граѓаните


ВМРО-ДПМНЕ започна со процес на подготовка на изборни програми за настап на локалните избори 2013година.

Локалните програми за општините, како и на минатите избори, ќе бидат прецизни со конкретни проекти, со конкретни рокови, средства и динамика за нивна реализација. Таквиот пристап при подготовката и реализацијата на програмите ВМРО-ДПМНЕ ја прави различна од сите други партии во Македонија. Ние превземаме конкретни одговорности и се држиме до тие одговорности.

01 September 2012

Да ги дочекаме подготвени училишните обврски


Денес 01.09.2012 со почеток во 18:30 часотво просториите на Факултетот за Туризам и Менаџмент, трибина на тема „Да ги дочекаме подготвени училишните обврски“ одржа Унијата на Жени на ВМРО-ДПМНЕ - ОК Карпош. 
На трибината предавач беше м-р Јадранка Марос Каракашева, психолог, семеен системски терапевт.
За да видите повеќе кликнете на следниот ЛИНК!