26 July 2012

Продолжува ширењето на булеварот Илинден

Во текот на денешниот ден Премиерот на Република Македонија г-дин Никола Груевски и Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски означија почеток на проширувањето на бул. Илинден, но и на улицата МАНАПО.
Со градежните активности од третата фаза за реконструкција и проширување на Илинден, булеварот се проширува од бензинската пумпа Макпетрол до улицата Љубљанска во должна од 1500 метри.
Со проектот е предвидено Илинден да се прошири со четири коловозни ленти, а од двете страни ќе бидат поставени нови тротоари. Во средишниот дел ќе се изгради жардиниера, а по должината на булеварот ќе биде поставено комплетно ново осветлување.
Улицата МАНАПО исто така ќе се прошири со четири коловозни ленти, а ќе бидат поставени нови тротоари и улично осветлување, по што таа ќе прерасне во булевар.
Рокот за изведба на третата фаза од булеварот Илинден и  МАНАПО  е 90 работни денови, а Град Скопје во овој градежен зафат ќе вложи околу 92 милиони денари.

За да видите повеќе кликнете на следниот ЛИНК!

25 July 2012

Одбележани 65 години од смртта на Ченто

Во текот на вчерашниот ден по повод 65 години од смртта на првиот Македонски Претседател, Методија Андонов - Ченто, Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ - Карпош положи свежо цвеќе на неговиот споменик на плоштадот „Македонија“ и присуствуваше на панихидата одржана во негова чест. Ченто како прв Претседател на Македонската држава и како непокорен борец за нејзината неделивост и целовитост ја прокоцка својата кариера и го даде својот живот за своите идеали.
Вечна му слава!

За да видите повеќе кликнете на следниот ЛИНК!

22 July 2012

Средба со граѓаните на Бардовци, Злокуќани и Нерези

Во текот на вчерашниот ден ОК на ВМРО-ДПМНЕ - Карпош организираше средба со граѓаните на месните заедници Бардовци, Злокуќани и Нерези.
На средбата присуствуваа:

  • Светлана Јакимовска, Подпретседател на Собранието на Р. Македонија;
  • Градоначалникот на Град Скопје, Г-дин Коце Трајановски;
  • Градоначалникот на Општина Аеродром, Г-дин Ивица Коневски;
  • Градоначалникот на Општина Бутел, Г-дин Петре Латиновски;
  • Градоначалникот на Општина Сопиште, Г-дин Јован Ѓорѓијоски;
  • Советници во Советот на Општина Карпош, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ;
како и функционери од централната власт, и Директори на јавни претпријатија од Градот Скопје.
На средбата граѓаните повторно имаа можност директно да ги пренесат своите видувања, проблеми и сугестии до функционерите од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и да изнајдат решенија за дел од истите. Оваа посета е само дел од серијата на посети на месните заедници од Општина Карпош.

За да видите повеќе кликнете на следниот ЛИНК!

20 July 2012

Одржана трибина на тема здрава исхрана

Во текот на вчерашниот ден со почеток од 20:15 во Факултетот за Туризам и Менаџмент се одржа трибина на тема „Здравјето е во боите“.
На трибината свое излагање имаше д-р Марина Поповска Домазетова, директор на Дирекцијата за храна на Р. Македонија.
На присутните беа поделени флаери со совети за конзумирање на здравата храна и со информации за штетноста на клима уредите!
Настанот беше во организација на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ од Општинскиот Комитет КАРПОШ.
За да видите повеќе кликнете на следниот ЛИНК!

15 July 2012

Отчет за сработеното на Стевчо Јакимовски (2009-2013)


Почитувани,
денес со почеток од 10 часот пред кафе бар Флуид – ТЦ Лептокарија прес конференција одржа Николина Ивановска, Секретар на УМС на ВМРО-ДПМНЕ - ОК Карпош. Тематиката е отчет за сработеното на Градоначалникот Стевчо Јакимовски во периодот 2009-2013 година.

Интегрален текст од прес конференцијата:

14 July 2012

СДСМ во Богданци ги препознаваат по криминалот



Денoвовие СДСМ се во Богданци. Добро е, барем ќе видат дека овој град воопшто постои. Тие 20 години не направија ништо добро за оваа општина ниту пак некој од СДСМ ја посети.

Но кога веќе се таму, ќе им порачаме да им објаснат на граѓаните од Богданци како се случи поранешниот градоначаник на СДСМ од Богданци Горги Петрушев да проневери цели 90 илјади евра, кои беа наменети наместо за санација на поплавите, да завшрат во приватни џебови, кадри на СДСМ.

10 July 2012

СДСМ губи контакт со реалноста



СДСМ губи контакт со реалноста. Тие повеќе не се ни слушаат што говорат.

Лицемерно и безобразно е СДСМ да говори за минималната плата. СДСМ цели 15 години беше на власт и не донесе закон за минимална плата. Кога работниците преку синдикатите бараа по 6.000 денари загарантирана плата, владата на СДСМ ги одби. Дури и ги навредуваше, нивниот министер Стевчо Јакимовски изјавуваше дека се заштитени како “мечки од планина”.

07 July 2012

Црвенковски во Крива Паланка толерираше криминал и не направи ништо добро



Деновиве СДСМ ги повика граѓаните од Крива Паланка да кренaт глас за да СДСМ повторно се врати на власт.

Наместо „работно лето“ по грчките острови, им препорачуваме да ги посетат граѓаните од Крива Паланка кои остана без работа, буквално на улица во времето кога СДСМ им ги затвори фирмите. Да ги посетат невработените од: Пелагонија, Малина, Гигантот Карпош (Декор, Конфекција, Предилница) фирми кои се затворија во време на СДСМ и Бранко Црвенковски невработените од Тигар, Угостител, Бентомак - рудник, Пролетер, Крива Река, 8-ми Октомври фирми кои се упропастија во време на СДСМ и Бранко Црвенковски како и да ги посетат невработените Рудник Тораница, Килимара исто така затворени во време на СДСМ.

05 July 2012

Нов термички принтер за институтот за белодробни заболувања во Козле


Институтот за белодробни заболувања кај децата во Козле денеска доби специјален термички принтер, донација од Ротари - клубот, кој ќе овозможи квалитетно и точно печатeње на снимките од ехо-апаратот во оваа здравствена установа. Вредноста на донацијата е над 600 евра.

04 July 2012

Макрадули наместо да ги поздрави нашите 2000 остварени проекти, тој само критикува



Во моментот кога целата експертска јавност во областа на енергетиката го поздравува фактот што Македонија направи крупен исчекор во процесот на нејзино гасифицирање, СДСМ како и за сите други 2000 проекти кои ги направи Владата, не успева да ја скрие желбата да критикува и тоа да критикува без аргументи.