27 May 2012

Трибина на ОК Карпош посветена на писменоста, јазикот и културата на Македонецот

Во текот на денешниот ден со почеток од 12 часот во библиотеката „Другарче“ Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ - Карпош организираше трибина на тема „Писменост, јазик и култура на Македонецот“. Трибината ја водеше Претседателот на Општинскиот Комитет  Карпош, Синиша Спасов.
Спасов во своето воведно излагање зборуваше за духовните вредности, длабоко втемелени во македонската вековна историја и традиција, кои ВМРО-ДПМНЕ ги промовира во 21 век. Воедно истакна дека конзервативизмот на ВМРО-ДПМНЕ се надоврзува на борбата за слобода и за национална самостојност водена од изворната ВМРО, како и на идеите на европската народна и демохристијанска традиција.

25 May 2012

Обраќање до членството


Почитувани сопартијци,
Имам особено задоволство и чест да Ви се обратам, од мое име и од името на  членовите  на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ - Карпош.
Голем предизвик за сите нас се претстојните локалните избори следната година.  Локалните избори отсекогаш биле најбитни избори за секој Општински комитет, затоа што имаме можност да ја добиеме локалната власт во Карпош, а со тоа да покажеме што можеме и што сакаме во Карпош. Потребно е да ја собереме и насочиме целокупната енергија на нашето членство и да го поразиме нашиот политички противник. Карпош може многу повеќе и заслужува многу повеќе !

23 May 2012

Зошто Јакимовски ја продава општинската зграда?



Општината Карпош и Стевчо Јакимовски распишаа скандалозен оглас за продажба на новата општинска зграда.

Овој оглас ги потврдува сите наши сомневања дека се работи за однапред договорена зделка, зад која се кријат некакви лични и приватни бизнис интереси.

19 May 2012

Карпош е во долгови, Јакимовски го продава општинскиот имот



Расипничкото и недомаќинско однесување на градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски, ја доживеа својата кулминација.  Општината  е во милионски долгови, а Јакимовски како покритие бара да се продаде новата општинска зграда, објект кој што само пред две години беше целосно адаптиран, изјави денес Сашо Лазаровски од ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните од оваа општина денес протесираа против одлуката на градоначалникот за продажба на имотот на општината.

18 May 2012

ОПШТИНА КАРПОШ НЕ Е ЗА РАСПРОДАЖБА!

Прес конференција на Оливер Зафировски

Денес во просториите на Институтот за белодробни заболувања во Козле, прес конференција одржаа Директорот на Институтот и Потпретседател на  Општинскиот Комитет на ВМРО ДПМНЕ - Карпош, д-р Оливер Зафировски и Директорот на Македонски Телеком, Даниел Сас.
Директорот Зафировски истакна дека Институтот за белодробни заболувања во Козле доби уште една донација – овој пат лично од Генералниот и извршен директор на Македонски Телеком и неговата сопруга Мелинда Сас. Донацијата е вредна 12 илјади евра, а Институтот со овие пари ќе купи хематолошки апарат за брза и ефикасна анализа на крвта кај децата. Според Директорот на Телекомот, Сас, се одлучиле за донација во оваа здравствена установа бидејќи и тие се родители. Белодробните болести се едни од најчестите заболувања кај децата.
Директорот Зафировски во оваа прилика брифираше и за подготовките за започнување на проектот на Владата за изградба на нов Институтот за белодробни заболувања во Козле. Прес конференцијата беше пренесена на  Канал 5, Сител, Алфа, Алсат и истата е дел од почетокот на низа хуманитарните активности поврзани со помош на децата заболени од белодробни заболувања. На институтот во Козле годишно се лекуваат околу 3500 деца.

Карпош тоне во долгови



Касата на општината Карпош тоне во се поголеми долгови, истакна на денешната прес-конференција Сашо Лазаровски од ВМРО-ДПМНЕ.

Поради покривањето на овој долг, но веројатно и поради потребата за покритие на сите сомнителни зделки кои станаа очигледни, Стевчо Јакимовски поднесе предлог за продажба на новата општинска зграда, објект кој што пред само две години беше целосно адаптиран од основно училиште во општинска зграда.

Наместо да гради, Стевчо Јакимовски ја распродава општината!



Наместо да гради, Стевчо Јакимовски ја распродава општината!

• Општина Карпош е во була од шест милиони евра!

• За да го реализира буџетот градоначалникот одлучи да го распродава имотот на општината!

• Ваквата ситуација е настаната поради немилосрдното расфрлање со пари на градоначалникот по невладини организации!

• И ако се потрошени толку многу пари, во Карпош изминативе години не е изградена ниту една капитална инвестиција!

КАДЕ ЌЕ ЗАВРШАТ ТОГАШ ОВИЕ ПАРИ?
ПОВТОРНО ЛИ ВО ПАРТИСКИ ЏЕБОВИ И НЕМУ БЛИСКИТЕ НЕВЛАДИНИ ОРГАНИЗАЦИИ!

ВЕ ПОВИКУВАМЕ ЗАЕДНИЧКИ ДА ГО СПРЕЧИМЕ НЕМИЛОСРДНОТО РАСФРЛАЊЕ НА НАШИТЕ ПАРИ!

12 May 2012

Јакимовски продава наместо да гради



Почитувани,
Стевчо Јакимовски вчера далеку од очите на јавноста, шерифски, без претходна најава стави точка на дневен ред за продажба-отуѓување, на новата општинска зграда.
И тоа ваквиот чекор на раскрчмување на овој имот се одвиваше без претходна јавна расправа, без да се прашаат граѓаните, а единствено како за покритие на ваквата одлука е поддршката од мнозинството на СДСМ, во советот на Општина Карпош.