22 December 2012

Пуштена во употреба реконструираната водоводна мрежа по дел од улицата Козле, крак 3


Денес 22.12.2012 година Директорот на ЈП „Водовод и канализација-Скопје“ г-дин Стојан Србиноски, во присуство на  кандидатот за Градоначалник за општина Карпош од редовите на ВМРО-ДПМНЕ  г-ѓа Јагнула Куновска, ја пушти во употреба реконструираната водоводна мрежа по дел од улицата Козле, крак 3. Станува збор за мрежа со профил на цевки Ф-100 милиметри и должина од 102,8 метри. Реконструкцијата опфати дислокација на водоводната мрежа која претходно поминуваше низ имотот на дел од корисниците.  Исто така дотраените  и стари цевки беа заменети со нови цевки изработени од дуктилно лиено железо. Вредноста на инвестицијата изнесува 1,5 милиони денари. Со оваа реконструкција корисниците од овој дел од општина Карпош добија подобро и поквалитетно водоснабдување.

21 December 2012

Пуштање во употреба на новата водоводна мрежа во Нерези


Почитувани,
Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ - Карпош Ве поканува утре 22.12.2012 во 11 часот, на свечено пуштање на водоводна мрежа во населба Нерези (локација, автобуска постојка на последна 57-ца) Инвестиција на ЈП Водовод и канализација – Скопје. Прес за медиумите ќе одржи Директорот на ЈП Водовод и канализација, Стојан Србиновски.

16 December 2012

Јагнула Куновска кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Општина Карпош

На денешната седница на Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ е изгласан кандидатот за Градоначалник за Општина Карпош, тоа е г-ѓа Јагнула Куновска. Таа е родена во Костур, Егејска Македонија во 1943 година а од 1948 година со протерувањето на Македонците од страна на грчката војска живее во денешна Република Македонија. Таа е познат адвокат и врвен правник.

Трибина на комисијата за урбанизам и градежништво


Почитувани, 
Општискиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ - Карпош, има чест да Ве покани на трибина која ке се одржи на 17 декември 2012 година, Понеделник во 18:00 часот во кинотеката „Другарче“.
Трибината е во организација на Комисијата за урбанизам и градежништво, на тема „Заштеда на енергија при користење на повеќе коморни ПВЦ профили за изработка на столарија“. Го очекуваме вашето присуство.
Со почит,
Општискиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Карпош.