22 January 2012

Одржана првата винаријада во Нерези и отворени тениските игралишта во Коменски

Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ - Карпош денес го одржа првиот натпревар на домашните винопроизводители од Нерези. На натпреварот беа поделени и симболични награди кои на домашните производители ќе им послужат при производството на виното. ВМРО-ДПМНЕ има за цел оваа манифестација да прерасне во традиционална, а домашните винопроизводители да почнат да размислуваат во правец на тоа колку навистина вреди нивното вино и колку тоа претставува сериозна форма на заработка.
Во текот на денешниот ден исто така беа отворени тениските игралишта во ОУ Јан Амос Коменски во населбата Тафталиџе 1 на чие отворање присуствуваше и Премиерот на Република Македонија и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
За да видите повеќе за настаните кликнете на долните линкови:

20 January 2012

Винаријада „Нерези“

Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ - Карпош Ве поканува на избор на најдобар домашен винопроизводител од Нерези.
Настанот ќе се одржи во дворот на Црквата Св. Пантелејмон на 22.01.2012 (недела).


19 January 2012

Бог се јави!

Бог се јави! За многу години! Нека Ви е честит празникот на Христовото крштевање Водици, односно празникот Богојавление!
Денес Претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ - Карпош и заменик Министер за Локална Самоуправа на Република Македонија, Сашо Лазаровски ја посети Црквата Св. Пантелејмон каде што присуствуваше на утринската литургија. На истата тој е избран за кум на празникот за идната година. Потоа тој заедно со дел од Општинскит Комитет присуствуваше на фрлањето на Светиот Крст во водите на реката Вардар на мостот во населбата Хром, каде му се придружија повеќе поранешни и актуелни функционери на ВМРО-ДПМНЕ.
Празнувањето продолжи во просториите на Црквата Св. Пантелејмон каде на пријатно изненадување се придружи и градоначалникот на Општина Карпош, годподинот Стевчо Јакимовски.
За да видите повеќе слики од настанот кликнете на следниот ЛИНК!

14 January 2012

Василица

Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ - Карпош Ви ја честита старата Нова Година и празаникот Василица.
И оваа година, седми пат по ред УМС на ВМРО-ДПМНЕ - ОК Карпош заедно со Претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ - Карпош и заменик Министер за Локална Самоуправа на Република Македонија Сашо Лазаровски го посетија домот за стари лица „Мајка Тереза“ во Злокуќани и традиционално однесоа лепчиња со паричка и други пригодни подароци за лицата кои што се таму сместени. За да видите повеќе од ова кликнете на следниот ЛИНК!

08 January 2012

Христос се роди!

Нека празникот на Христовото рождество Ви донесе радост среќа и бериќет во Вашите домови и љубов во Вашите срца!
За многу години!
Христос се роди!

01 January 2012

Среќна Нова 2012

Нека Новата Година Ви донесе многу среќа, радост и бериќет, нека Вашите домови ги исполни со топлина, а Вашите срца со љубов!
Среќна Нова 2012!