24 August 2011

ПОВИК За кандидирање на кандидати за Претседател на ОК Карпош

ПОВИК За кандидирање на кандидати за Претседатели на Општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ Согласно одлуката на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, а врз основа на член 28,став 1, алинеа 5 од Статутот на ВМРО-ДПМНЕ и член 6 од Деловникот за работа на Општинските Комитети се објавува Повик за кандидирање на кандидати за претседатели на Општинските Комитети на ВМРО-ДПМНЕ, во следниве општини : Велес, Аеродром, Карпош, Сопиште, Куманово, Штип, Кочани, Гевгелија, Неготино, Ново Село, Струмица и Ресен. Потребната документација за кандидирање на Претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ за набројаните општини може да се подигне и да се предаде во Седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, (ул.Македонија бр.17а) во архивата, секој работен ден од 12 до 17 часот. Кандидатите треба да се членови на ВМРО-ДПМНЕ во моментот на доставување на кандидатурата, За подигнување на документите и поднесување на кандидатурата е доволно индивидуалното присуство на потенцијалниот кандидат. За поднесување на кандидатурата не се потребни потписи,туку доставување на стандардизирана биографија и пополнување на стандардизираниот прашалник кои се подигнуваат во Седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Кандидатите од Седиштето на Партијата во Скопје треба да ги подигнат потребните материјали за кандидирање од денот на објавувањето на овој Повик, а пополнетите материјали да се достават најдоцна до 28.08.2011 година. По доставувањето на кандидатурата,односно биографијата и прашалникот, секој кандидат дополнително ќе биде контактиран од Седиштето на ВМРО-ДПМНЕ и со него ќе биде извршен разговор од страна на комисијата. Сите кандидати имаат подеднакви шанси да бидат избрани, зависно од личните квалитети, успесите во минатото и визијата за иднината. Секој кпријавен кандидат ќе биде третиран со строга дискреција, со цел заштита на кандидатите кои нема да бидат избрани. Сите останати детали во врска со кандидирањето се дел од прашалникот кој треба да го пополни секој кандидат и заедно со биографијата да ги достави во утврдениот рок. ВМРО-ДПМНЕ го задржува правото да ги провери податоците доставени во биографијата и прашалникот на секој кандидат. По завршувањето на процедурата на избор секој кандидат има право да ја подигне неговата документација, односно прашалникот и биографијата, по негово сопствено барање.