29 December 2011

Предновогодишна забава

УМС на ВМРО-ДПМНЕ - ОК Карпош денес со почеток од 21:30 часот Ве поканува на традиционалната предновогодишна забава во кафе „Флуид“ во ТЦ Лептокарија.
Се гледаме таму!

11 December 2011

Меѓу граѓаните во Влае 2 и Долно Нерези

Заменик Министерот за Локална Самоуправа на Република Македонија и Претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ - Карпош, Сашо Лазаровски во текот на денешниот ден оствари средба со граѓаните на Влае и Долно Нерези. Тој и денес непосредно ги слушна проблемите на жителите на овие урбани заедници и вети дека ќе се обиде сето она што е ингеренција на Владата да го пренесе на Владина седница, но и она што е ингеренција на Градот Скопје до Градоначалникот Трајановски.
Средбите од овој вид ќе продолжат и во следните викенди, се со цел излегување во пресред на граѓаните и на нивните потреби.
За да видите дел од сликите од денешната посета кликнете на следниот ЛИНК!


УМС Карпош - баскет турнир

УМС на ВМРО-ДПМНЕ - ОК Карпош во текот на денешниот ден организираше натпревар во кошарка на која учествуваа 33 екипи од по 3 члена. Огромната заинтересираност за учество во турнирот покажа и докажа дека Унијата на Млади Сили од ОК Карпош обединува огромен број на млади луѓе за кои спортот и здравиот начин на живеење се приоритет!
За да видите дел од атмосферата кликнете на следниот ЛИНК!



09 December 2011

Известување

Советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ од Општина Карпош предводени од Претседателот на Општинскиот Комитет и заменик Министер за Локална Самоуправа, господинот Сашо Лазаровски продолжуваат со средбите меѓу граѓаните.
Во Недела (11.12.2011) ќе се одржат средби со:
  • жителите на Порта Влае (бул. Партизански Одреди бр. 155 и зграда бул. Ѓорче Петров бр. 1) со почеток од 12 часот пред аптеката „Зегин“;
  • жителите од Долно Нерези (бул. Партизански Одреди бр. 147 и 149) - воените кули, со почеток од 13 часот на просторот пред кулите.

05 December 2011

Турнир во баскет

УМС на ВМРО-ДПМНЕ ОК Карпош организира турнир во баскет. Турнирот ќе се одржи во малата сала на Спортски Центар Борис Трајковски на ден 11.12.2011 (недела) со почеток од 10 часот. Сите заинтересирани за учество, можат да пратат тимови (од 3 члена) со контакт телефон на меилот ums.ok.karpos@gmail.com

04 December 2011

ОК Карпош не запира со активностите

Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ - Карпош и во текот на денешниот ден ги оствари своите најавени средби со граѓаните на територијата на месната заедница Кузман Јозифовски Питу (Козле), каде што заменик Министерот за Локална Самоуправа и Претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ - Карпош и советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Карпош ги слушнаа проблемите на жителите од кулите спроти поранешната фабрика Алумина. СЛИКИ>>>
Потоа господинот Лазаровски и директорот на ЈП Водовод и канализација и член на ОК Карпош Тони Јаревски заедно со Премиерот на Република Македонија и Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски поставија камен темелник на новата управна зграда на ЈП Водовод и канализација, која ќе плени со својот лик и со фактот дека ќе биде објект со три нивоа на подземни гаражи. СЛИКИ>>>


03 December 2011

Меѓу граѓаните во Карпош 3

Денес заменик Министерот за Локална Самоуправа и Претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ - Карпош Сашо Лазаровски, придружуван од советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Карпош оствари средба со граѓаните во месната заедница Карпош 3. На средбата помеѓу граѓаните заменик Министерот и советниците успеаа да слушнат дел од проблемите на жителите на Карпош 3 но и да покажат дека тие не се меѓу граѓаните само за време на изборите туку дека се постојано достапни за нив.
Овие средби продолжуваа во натамошниот период, покажувајќи дека како членовите на локалната така и членовите на централната власт од редовите на ВМРО-ДПМНЕ се постојано достапни за проблемите на граѓаните.
За да видите повеќе слики од оваа средба кликнете на следниот ЛИНК!






01 December 2011

ВМРО-ДПМНЕ меѓу граѓаните!

Советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ од Општина Карпош предводени од Претседателот на Општинскиот Комитет и заменик Министер за Локална Самоуправа, господинот Сашо Лазаровски започнуваат со серија средби меѓу граѓаните.
Сега кога нема избори, тука сме да разговараме и да ги слушнеме Вашите идеи, потреби и проблеми.
Со средбите започнуваме овој викенд и тоа:
  • со жителите на „романските“ кули во близина на Тинекс маркет во урбаната заедница Карпош 3 во Сабота (03.12.2011) во 12 часот (на просторот помеѓу кулите, кај фонтаната);
  • со жителите на кулите во близина на поранешната фабрика Алумина во урбаната заедница Кузман Јосифовски Питу во Недела (04.12.2011) во 11 часот (на просторот помеѓу кулите).


12 November 2011

Годишна конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ

УМС на ВМРО-ДПМНЕ на ден 19.11.2011 (Сабота) организира јубилејна годишна конференција - 20 години УМС на ВМРО-ДПМНЕ. Конференцијата ќе се одржи во СЦ „Борис Трајковски“ - Скопје, со почеток од 14 часот.
За да го најавите своето присуство кликнете на следниот ЛИНК!
Со почит,
УМС на ВМРО-ДПМНЕ - ОК Карпош



23 October 2011

ЗА МНОГУ ГОДИНИ

На денешен ден во 1893 година шест млади луѓе на неформален состанок одржан во Солун се договорија а оформат организација која ќе се бори за ослободување на Македонија од туѓото ропство и формирање независна и суверена Македонска држава. Ни тие самите не можеа да претпостават која ќе биде улогата на оваа организација за историјата на Македонија.
Денес ние го славиме овој празник како празник на Македонската борба, празник на идеалите на Македонците, празник на слободата, празник на ВМРО.
За многу години! Да ни е вечна и слободна Македонија!


11 October 2011

70 години 11 Октомври

Денес Македонија прославува 70 години од кревањето на востание на Македонскиот народ против својот фашистички поробувач. Колку и некој да сака да го прикаже тоа востание како самостојно дело на комунистичката партија, реалноста говори дека тоа е востание на Македонскиот народ, кој се бори за своја национална слобода, правото на говорење на својот мајчин Македонски јазик и право на своја независност. Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ - Карпош на сите вас Ви го честита овој светол Македонски празник и посакува идеалите на нашите претци да Ви бидат вечен патоказ во вашите животи.


05 October 2011

Годишно собрание на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ - ОК Карпош

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ - Општински Комитет КАРПОШ Ве поканува на своето годишно собрание кое ќе се одржи на 07.10.2011 (петок) со почеток од 20 часот во Драмскиот театар.
Со почит,
Даниела Штерјова
Претседател на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ - ОК Карпош


Отворање на вештачката карпа на кејот на реката Вардар

Во текот на вчерашниот ден Премиерот на Република Македонија, господинот Никола Груевски ја пушти во употреба најголемата вештачка карпа на Балканот и двојно тениско игралиште. Карпата и тениското игралиште се наоѓаат веднаш до досегашниот скејт парк на самиот кеј на реката Вардар на територијата на Општина Карпош. Со ова Владата на Република Македонија уште еднаш покажа дека инвестициите кои ги прави во областа на спортот и рекреацијата на територијата на Општина Карпош се едни од најголемите во државата, имајќи во предвид дека на територија на Општина Карпош се наоѓа и спортскиот центар „Борис Трајковски“.

За повеќе фотографии кликнете на следниот ЛИНК!


24 August 2011

ПОВИК За кандидирање на кандидати за Претседател на ОК Карпош

ПОВИК За кандидирање на кандидати за Претседатели на Општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ Согласно одлуката на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, а врз основа на член 28,став 1, алинеа 5 од Статутот на ВМРО-ДПМНЕ и член 6 од Деловникот за работа на Општинските Комитети се објавува Повик за кандидирање на кандидати за претседатели на Општинските Комитети на ВМРО-ДПМНЕ, во следниве општини : Велес, Аеродром, Карпош, Сопиште, Куманово, Штип, Кочани, Гевгелија, Неготино, Ново Село, Струмица и Ресен. Потребната документација за кандидирање на Претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ за набројаните општини може да се подигне и да се предаде во Седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, (ул.Македонија бр.17а) во архивата, секој работен ден од 12 до 17 часот. Кандидатите треба да се членови на ВМРО-ДПМНЕ во моментот на доставување на кандидатурата, За подигнување на документите и поднесување на кандидатурата е доволно индивидуалното присуство на потенцијалниот кандидат. За поднесување на кандидатурата не се потребни потписи,туку доставување на стандардизирана биографија и пополнување на стандардизираниот прашалник кои се подигнуваат во Седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Кандидатите од Седиштето на Партијата во Скопје треба да ги подигнат потребните материјали за кандидирање од денот на објавувањето на овој Повик, а пополнетите материјали да се достават најдоцна до 28.08.2011 година. По доставувањето на кандидатурата,односно биографијата и прашалникот, секој кандидат дополнително ќе биде контактиран од Седиштето на ВМРО-ДПМНЕ и со него ќе биде извршен разговор од страна на комисијата. Сите кандидати имаат подеднакви шанси да бидат избрани, зависно од личните квалитети, успесите во минатото и визијата за иднината. Секој кпријавен кандидат ќе биде третиран со строга дискреција, со цел заштита на кандидатите кои нема да бидат избрани. Сите останати детали во врска со кандидирањето се дел од прашалникот кој треба да го пополни секој кандидат и заедно со биографијата да ги достави во утврдениот рок. ВМРО-ДПМНЕ го задржува правото да ги провери податоците доставени во биографијата и прашалникот на секој кандидат. По завршувањето на процедурата на избор секој кандидат има право да ја подигне неговата документација, односно прашалникот и биографијата, по негово сопствено барање.


07 June 2011

ПОБЕДА!

Победник на овие избори е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ со 55 или повеќе пратеници. Изборниот ден помина во фер и демократска атмосфера, нагласи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на прес - конференцијата прогласувајќи ја победата на седмите парламентарни избори во Република Македонија.


31 May 2011

Посета на ТЦ Лептокарија и Долно Нерези

Кандидатите за Пратеници од ВМРО-ДПМНЕ - ОК Карпош денес беа во посета на продавниците во ТЦ Лептокарија и во Долно Нерези. Тие беа придружувани од Вицепремиерот за евро интеграции Васко Наумовски и Министерот за одбрана Зоран Коњановски. За да видите повеќе кликнете на следниот ЛИНК!

30 May 2011

Традиционален марш на ВМРО-ДПМНЕ - ОК Карпош

ВМРО-ДПМНЕ - ОК Карпош вчера го одржа својот традиционален марш до од ТЦ Лептокарија, по булеварот Партизански Одреди па се до Владата на Република Македонија.
Членовите на ВМРО-ДПМНЕ од ОК Карпош традиционално како и други години организирано се упатија на централниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, а со својата бројност повторно ја демонстрираа својата сила!
За да видите повеќе кликнете на следниот ЛИНК!

28 May 2011

Митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Карпош



Одржан митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Карпош

Вечерва ВМРО-ДПМНЕ го одржа својот главен митинг во Општина Карпош пред ТЦ Лептокарија. На следниот ЛИНК можете да видите слики од истиот, а видео од митингот ќе биде поставено во текот на утрешниот ден.

27 May 2011

Митинг на ВМРО-ДПМНЕ - ОК Карпош

ВМРО-ДПМНЕ - Општински Комитет КАРПОШ Ве поканува вечерва со почеток во 20:30 да присуствувате на митингот на влезот на ТЦ Лептокарија, спроти Поликлиниката Букурешт.
За повеќе информации кликнете на следниот ЛИНК!


25 May 2011

Активности 24.05.2011

Во текот на вчерашниот ден кандидатите за пратеници од Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ - Карпош, но и целиот Општински Комитет имаа повеќе активности.
Најпрво Сашо Лазаровски и Оливер Зафировски низ детските паркови во Козле и Млечен Ресторан поделија поголем број на топки на најмладите, а и остварија повеќе средби со нивните родители, баби и дедовци. (>>>ВИДИ ПОВЕЌЕ>>>)
Потоа Сашо Лазаровски заедно со Вицепремиерот за европски прашања Васко Наумовски лично ја спроведуваа акцијата „од врата до врата“ која патем секојдневно ја спроведуваат функционерите од редовите на ВМРО-ДПМНЕ од ОК Карпош. (>>>ВИДИ ПОВЕЌЕ>>>)
На крајот од денот со почеток од 21:00 во Порта Влае се одржа мини митинг на кој што уште еднаш се покажа дека жителите на Општина Карпош и на овие избори својата поддршка ќе му ја дадат на ВМРО-ДПМНЕ со што ќе овозможат реформите да продолжат а транзицијата да стане дел од минатото! (>>>ВИДИ ПОВЕЌЕ>>>)



22 May 2011

Митинг во Струмица

ВМРО-ДПМНЕ денес го имаше својот митинг во Струмица на кој уште еднаш ја демонстрираше својата моќ! Ова беше уште една шанса и ОК Карпош успешно да ја демонстрира својата сила на терен, па така 11 автобуси со членови од Карпош отидоа за Струмица.
За да видите добар дел од атмосферата пред поаѓањето кликнете на следниот ЛИНК!



Посета на Тафталиџе 1 и 2

Во текот на вчерашниот ден кандидатите за пратеници од ОК Карпош беа во посета на МК Тафталиџе 1 и 2. Тие го посетија пазарот во Тафталиџе каде го делеа Манифестот за реформи и развој, а потоа се упатија во слаткарницата Палма.
За да видите повеќе кликнете на следниот ЛИНК!



20 May 2011

Посета на Влае 1 и 2 и ТЦ Лептокарија

Денес кандидатите за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ од ОК Карпош беа во посета на МК Влае 1 и МК Влае 2 како и на МК Карпош 3 односно ТЦ Лептокарија. Во Влае 1 кандидатите пред Тедико маркет остварија средба со повеќе граѓани, а потоа продолжија со средбите во Влае 2 пред Тинекс маркет. После тоа кандидатите се упатија на кафе пауза во ТЦ Лептокарија а потоа и таму продолжија со средбите со граѓаните.
За да видите повеќе кликнете на следниот ЛИНК!


19 May 2011

Посета на МК Владо Тасевски и мини митинзи

Денес кандидатите за пратеници беа во посета на МК Владо Тасевски. Сашо Лазаровски, Косана Мазнева и Оливер Зафировски во 13:30 започнаа со делење на Манифестот за реформи и развој пред Тинекс маркетот, а продолжија со делењето во деловниот комплекс „Млечен ресторан“.
Во 18:00 на платото на „Млечен ресторан“ се одржа мини митинг, а ист таков се одржа и во Карпош 2 кај Драмски театар. За да видите повеќе кликнете на следниот ЛИНК!



18 May 2011

Посета на МК Карпош 1 и 2

Денес кандидатите за пратеници Сашо Лазаровски и Косана Мазнева беа во посета на МК Карпош 1 и Карпош 2 каде остварија средба со дел од членството но и голем број на граѓани кои ја искажаа својата поддршка. За да видите дел од сликите одете на следниот ЛИНК!

16 May 2011

Распоред на митинзи

Почитувани,
ова е распоредот на митинзите на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните Парламентарни Избори 2011.
Се надеваме дека со Вашето присуство ќе ја дадете својата поддршка!
(Кликнете на сликата за поголема резолуција!)


15 May 2011

Отворен новиот општински изборен штаб на ОК Карпош

ВМРО-ДПМНЕ - ОК Карпош денес го отвори својот нов општински изборен штаб за Парламентарните Избори 2011 година. Просториите се наоѓаат на ул. Братфорска во нас. Козле.


14 May 2011

Презентиран „Манифестот за реформи и развој“

ВМРО-ДПМНЕ денеска ја промовираше Изборната програма за периодот 2011-2015 насловена „Манифест за реформи и развој“.

06 May 2011

Објавени кандидатските листи за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија

Почитувани,
Сакаме да Ве известиме дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија ги објавија кандидатските листи за пратеници за претстојните предвремени Парламентарни Избори 2011.
Со задоволство сакаме да Ве информираме дека Претседателот на нашиот Општински Комитет, г-динот Сашо Лазаровски се наоѓа на кандидатската листа во првата изборна единица на 11 место. Јас сум убеден дека сите ние ќе покажеме и докажеме дека на ВМРО-ДПМНЕ воопшто не му е проблем да добие 11 пратенички мандати во нашата изборна единица, а ОК Карпош ќе издвојува уште една голема победа.


Во прилог на ова, еве ги комплетните кандидатски листи на ВМРО-ДПМНЕ

29 April 2011

ОК Карпош започна со делење на отчетот за работењето на Владата на РМ за периодот 2006 - 2011

Почитувани,
ВМРО-ДПМНЕ - ОК Карпош Ве известува дека започна со делење на отчетот за работењето на Владата на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ за периодот 2006 - 2011.
Истиот можете да го погледнете и на следниот ЛИНК!

24 April 2011

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!
За многу години празникот, имајте здравје, радост, среќа и бериќет во Вашите домови и љубов во Вашите срца!

Со почит,
ВМРО-ДПМНЕ - ОК Карпош

23 April 2011

Хуманитарна Акција - Велигденска трпеза

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ - ОК Карпош ги повикува сите хумани граѓани на Oпштина Карпош и пошироко, да ја поделат својата свечена Велигденска трпеза со социјално загрозените граѓани на општина Карпош.
Храната ќе се донира во просториите на штабот на Унијата на Млади Сили лоциран во Т.Ц. „Лептокарија“, во понеделник, 25.04.2011 во 12 часот.
Нека ни е честит празникот.
За повеќе информации кликнете на следниот ЛИНК!

Даниела Штерјова
Претседател на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ - ОК Карпош

20 April 2011

Отворени новите простории на УМС - Карпош

Денес со почеток во 20 часот во ТЦ Лептокарија, УМС на ВМРО-ДПМНЕ - ОК Карпош со пригоден коктел ги отвори новите простории за Парламентарните Избори 2011. Масовната посетеност на овој настан го гарантира успехот на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Карпош, а УМС - Карпош уште еднаш се покажа како носител на прогресивните текови меѓу младите.
За фотографии од настанот кликнете на следниот ЛИНК!

УМС - Карпош во нови простории!


Почитувани,

Денес, со почеток од 20 часот, во *ТЦ Лептокарија - Карпош 3*, официјално се пушта во употреба новата канцеларија на УНИЈАТА НА МЛАДИ СИЛИ на ВМРО-ДПМНЕ - ОК КАРПОШ.

Ќе ни биде чест доколку и Вие бидете дел од овој настан.
...
Со почит,
УМС на ВМРО-ДПМНЕ ОК КАРПОШ

*(поранешно кафе Оксид, до кафитерија Диабло)*


14 April 2011

Трибина - Квалитетното образование во согласност со современите текови и методи на учење

Почитувани,
Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ од Општинскиот Комитет КАРПОШ Ве поканува да присуствувате на трибината на тема „Квалитетното образование во согласност со современите текови и методи на учење“.
Трибината ќе се одржи на 15.04.2011 со почеток од 19:00 часот во библиотеката „Другарче“, спроти ДСУ „Никола Карев“.
Ве очекуваме!


03 April 2011

Турнир во Пинг-Понг (во Борис Трајковски)


Денес со почеток од 11 па се до 15 часот во спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе се одржи турнир во пинг понг во организација на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, ОК Карпош.
За повеќе информации кликнете на следниот ЛИНК!


05 March 2011

Во Битола се одржува 14-ти конгрес на ВМРО-ДПМНЕ

„Вистината секогаш победува“ е мотото на 14. Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ што денеска и утре во присуство на 617 делегати се одржува во Битола.

- Да се зборува вистината е нова политичка филозофија која не се вклопува во старата политичка матрица, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски обраќајќи се пред присутните делегати и бројни гости на Конгресот притоа нагласувајќи дека сепак се покажало оти тоа е исправна политика.

- Мојата филозофија на работење, додаде Груевски, е турбо од првиот ден на владеење, а не шест месеци пред избори. Чесно и одговорно работење во тоа е нашата сила, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ порачувајќи дека партијата треба да остане доследна на она што го зацртала.

04 February 2011

Во Карпош се затвораат врати на новинари!

Во општина Карпош денес на екипата на Курир не и беше овозможено да ја извршува својата работа.

30 January 2011

Јакимовски и неговата партизирана администрација ја нарушуваат демократијата

Советничката во општина Карпош од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Жозефина Гласновиќ обвини дека Стевчо Јакимовски и партизираната администрација ја нарушуваат демократијата во општината.

26 January 2011

За Карпош против Стевчо! - Инцидент на прес конференцијата одржана од советниците на ВМРО-ДПМНЕ

На вчерашната протестен митинг одржан пред просториите на Општина Карпош, а организиран од страна на советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, против работата на градоначалникот Стевчо Јакимовски, партизираната општинска администрација наполнета со партиски војници на СДСМ грубо ги нападна советниците кои во тој момент одржуваа прес конференција! Додека советничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Жозефина Гласновиќ ја даваше својата изјава, вработените од општинската администрација грубо ја прекинуваа и навредуваа! Проценете сами кој се работи во општината!


25 January 2011

За Карпош против Стевчо! - Протестен митинг!

Утре, 26.01.2011 (среда) со почеток од 10 часот пред просториите на старата општина (до новата бензинска пумпа) ќе се одржи протестен митинг на граѓаните од Општина Карпош против работењето на градоначалникот Стевчо Јакимовски. Протестот е поттикнат од непризнавањето на органите на месната самоуправа (избраните претставници од урбаните заедници), нетранспарентното трошење на општинските пари, партизацијата на нашата општина, пашалукот воспоставен во општината, блокадата на новите инвестиции во нашата општина, срамниот однос кон Армијата и Македонското знаме!
Придружете се! Да покажеме дека не се сите граѓани на Карпош дел од колективот на Стевчо!

24 January 2011

За Карпош против Стевчо!

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и координативното тело на граѓани од Општина Карпош започнаа со акцијата „За Карпош против Стевчо!“
Придружете се во борбата против:
- Нетранспарентното трошење на општинските пари;
- Партизацијата на нашата општина;
- Пашалукот воспоставен во општината;
- Блокадата на новите инвестиции во нашата општина;
- Срамниот однос кон Армијата и Македонското знаме!

22 January 2011

Советниците на СДСМ гласаа против „АРМ мој вистински дом“

На денешната седница на Советот на општината Карпош беше одбиен предлогот на советниците на ВМРО-ДПМНЕ, за разгледување на Деталниот урбанистички план за касарната Илинден.

16 January 2011

Партиски вработувања во Општина Карпош



Посета на домот за стари лица „Мајка Тереза“ - Злокуќани

Оваа 6-та година по ред, ние членовите на УМС на ВМРО-ДПМНЕ од Општина Карпош традиционално на Христијанскиот празник Василица го посетуваме домот за стари лица „Мајка Тереза“ во Злокуќани.
Следејќи го она што го наложуваат нашите конзервативни вредности и христијански обичаи, првото утро од секоја нова година го поминуваме со старите лица од домот. Низ разговор, бараме совети и примаме критики, идеи и искуства за поуспешна работа во новата година. Оваа година на старите лица им подготвивме лепчиња со паричка, но им донесовме и други подароци во склад со нивните желби и потреби. Во консултација со вработените во домот годинава донесовме средства за лична хигиена, како и правосмукалка која им е потребнa за одржување на домот.
Со оваа посета годинава се одбележува и еден почеток на кампања на УМС Карпош насловена „Сите ние сме ваши деца“ која ќе се организира секоја зима во соработка со Комисијата за здравство при Општинскиот Комитет Карпош како и Комисијата за култура и конзервативни вредности при УМС Карпош.


Благоја Неделковски
Претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ – ОК Карпош


10 January 2011

Јакимовски лаже и го кочи проектот за касарната Илинден!

Денес советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Карпош одржа прес конференција, подоле следи текстот од истата.

Почитувани новинари

Тешка лага и манипулација е дека советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја кочи изградбата на станови за припадниците на АРМ.

Токму вчера познатиот манипулатор Стевчо Јакимовски повторно со вакви лаги се обиде да се извади за одолговлекувањето на реализацијата на еден многу значаен проект како што е проектот “АРМ мој вистински дом“.
Но што говорат фактите ?

06 January 2011

ХРИСТОС СЕ РОДИ

ВМРО-ДПМНЕ - Општински Комитет КАРПОШ на сите Православни Христијани и на сите оние кои Рождеството Христово го слават според Јулијанскиот календар им го честита Божиќ и им посакува година исполнета со радост, среќа и бериќет!
За многу години!
ХРИСТОС СЕ РОДИ!
НАВИСТИНА СЕ РОДИ!