26 November 2010

Деспотство ли е Карпош или панаѓур?

Минатата недела Стевчо Јакимовски беше вистинска медиумска звезда со касарната „Илинден“, се претстави како „деспот“ на територија која била во „негови граници и надлежност“. Менуваше ставови и виновци во зависност од утрински мамурлук, дневно расположение и нагиб на еклиптика на земјина оска. Изгледа на Стевчо медиумската звезда, минатата недела звездите не му беа наклонети.
            Си најде Стевчо виновци за касарна Илинден. Почна од конфигурација на терен, рекла-казала за некаква „рупа“, па до министри, синдикалци, советници, државни станови и геометри. Според Стевчо сите се криво насадени, само тој е алфа мажјак.

19 November 2010

Суетата на Стевчо Јакимовски го опструира „Илинден“

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери најостро реагира и во целост ги демантира обидите на Градоначалникот Јакимовски со монтирани конструкции и цитати извадени од контекст да ги искривува фактите.

Градоначалниче Јакимовски, со Вашите последни испади во јавноста и платените политички памфлети кои ги лиферувате по дневните весници ја преминавте секоја граница. По којзнае кој пат Ви повторуваме: Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери НИКОГАШ не побарала да се повлече нацрт ДУП-от за касарната „Илинден“ и тоа го знаете и Вие и целата македонска јавност. Вие јавно, на седница на Совет, изјавивте дека ќе го повлечете нацрт-ДУП-от за касарната „Илинден“, а сега од петни жили се обидувате да ја оправдате таа своја постапка, која во целост е спротивна на интересите на илјадници семејства на припадниците на Армијата на Република Македонија.

18 November 2010

Деновиве Стевчо Јакимовски ја држи титулата примитивец на годината

Има една стара народна поговорка која вели дека “Не значи ако човек облече кондури автоматски ќе стане граѓанин“. Таа поговорка најмногу се однесува на Стевчо Јакимовски.

Со последните свои постапки на блокирање на реализацијата на проектот за изградба на станови за професионалните војници во општината Карпош, неграѓанинот Стевчо се надмина себе и го допре дното. Деновиве Стевчо Јакимовски ја држи титулата примитивец на годината. Тој неодоливо потсетува на Бушманот од филмот “Боговите падна на теме“, кој го слави како божество шишето од Кока кола иако тоа е само обично шише фрлено од авион. Денес тоа шише божество е Бранко Црвенковски, а Стевчо во бушмански стил се труди да стане најголемиот негов идолопоклоник.

14 November 2010

Јакимовски да признае дека не дозволува да се реализира проектот„АРМ мој вистински дом“

Вчерашниот прес на градоначалникот Стевче Јакимовски ги разјасни сите дилеми.
 Нас ни е навистина многу жал, но од кажаното од г-динот Јакимовски, воопшто не произлегува добра волја за деблокирање на проектот “АРМ мој вистински дом“, туку сосема спротивно, произлегува дека г-динот Јакимовски си останува на своето и дури нуди начини како да се заобиколи овој проект.
Г-дине Јакимовски,
Вие бевте на неколкупати министер во повеќе претходни Влади.
Во тоа време, ако сакавте, можевте да дадете предлог за решавање на бројни прашања и проблеми на граѓаните, меѓу кои и прашањето за помош на припадниците на Армијата на Република Македонија и нивните семјства да обезбедат свој сопствен дом.
Тоа не го направивте, а денеска кога некој друг пробува тоа да го реализира, Вие упорно го блокирате.
Тоа, господине Јакимовски ниту е доблесно, ниту е чесно!

13 November 2010

Честит 13-ти Ноември

ВМРО-ДПМНЕ - Општински Комитет КАРПОШ Ви го честита 13-ти Ноември, денот на ослободувањето на градот Скопје. Нека ни е за многу години празникот.

12 November 2010

Годишно собрание на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ - ОК Карпош

На ден 14.11.2010 година (недела) со почеток во 17:30 часот, во Драмскиот театар, ќе се одржи Годишно собрание на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ - Општински Комитет КАРПОШ.
Ќе ни биде особена чест и задоволство и Вие да присуствувате на настанот.

Со почит,
Даниела Штерјова
Претседател на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ - ОК Карпош

08 November 2010

ЈАВЕН ПОВИК

Почитувани сограѓани,

Општина Карпош меѓудругото се финансира со средства кои се прибираат од Вас, жителите на Карпош.
Парите кои ги троши општината, се всушност Ваши пари.

Дали сте се запрашале: Каде одат овие пари и каква корист имате Вие од проектите на општината?

Одговорот на е едноставен, ниту лесен да се пронајде. Токму затоа!

ВЕ ПОВИКУВАМЕ
- ЗАЕДНО ДА ГО СОСТАВИМЕ БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА КАРПОШ
- ЗАЕДНО ДА ГИ СОСТАВИМЕ ПРОГРАМИТЕ НА ОПШТИНА КАРПОШ
- ЗАЕДНО ДА ОДЛУЧИМЕ КАКО ЌЕ СЕ ТРОШАТ ВАШИТЕ ПАРИ

05 November 2010

Стевчо Јакимовски го блокира проектот “АРМ мој вистински дом’

Стевчо Јакимовски го блокира проектот “АРМ мој вистински дом’, проект со кој се планира изградба на станови за припадниците на Армијата на РМ.
Во изминативе неколку месеци, од господинот Стевче Јакимовски и неговите служби слушнавме и сеуште слушаме серија на невистини и манипулации поврзани со носењето на Деталниот урбанистички план за касарната “Илинден”, со кој треба да отпочне проектот на Министерството за одбрана “АРМ мој вистински дом” на територијата на Општина Карпош.
Фактот што реализацијата на овој проект започна со донесувањето на нацрт ДУП-от за касарната „Илинден” на иницијатива на Советниците на ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери, очигледно кај Стевче Јакимовски побуди нервоза и фрустрации.

Општина Карпош незаконски не го верификува мандатот на советничката Жозефина Гласновиќ

На 29.10.2010 година Претседавачот на Советот, Советниците на СДСМ и Градоначалникот на Општина Карпош прогласија независност на Општината од правниот систем на Република Македонија.
Од името на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери во Советот на Општина Карпош, сакаме да го изразиме нашиот револт од непочитувањето на законите, самоволието, политичките манипулации и насилничкото однесување на претседавачот на советот на општина Карпош, Трифун Трифуновски и советничката група на СДСМ, на 25-та седница на советот одржана на 29.10.2010 година.